Честитка од министерот Спасовски по повод 11 Октомври Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод празникот 11 Октомври, упати честитка до граѓаните на Македонија.
80 години од 11 Октомври - Денот на народното востание Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава се одбележува денеска во земјава.
ВМРО-ДПМНЕ: Пуковско e заглавено во кал и со децении заборавено од локалната власт Се наоѓаме во населбата Пуковско, овде ВМРО-ДПМНЕ со години и децении победува. Затоа жителите на оваа населба се казнети, со калливи улици, старо училиште и немање на тротоари, кажа Влатко Ѓорчев, кој заедно со носителката на листата Елена Доцевска-Божиновска, денеска беа во посета на населбата Иго Тричковиќ.
Димитриевски: Ги прошируваме капацитетите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листа за советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска, денеска беа во посета на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово.
32-годишно лице меѓу тројцата починати од коронавирус во Куманово Три лица на возраст од 32, 72 и 77 години починаа од последици на коронавирус во Куманово, а 38 се новозaразени во изминатото деноноќие.
Спасовски: Вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради „Нашите политики се за подобар живот на граѓаните, за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место, а тоа граѓаните на Куманово го препознаваат“, рече Оливер Спасовски на средба со граѓаните во Куманово и Агино село.
Бугарија ги отвори границите за македонските државјани Поради намалениот број случаи на коронавирусот, Република Бугарија од денеска ги повлекува рестрикциите за македонските државјани, со што Северна Македонија од црвена, преместена е во портокалова зона.
Бруно Ивановски од Куманово најдобар во државата и втор во светот на литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз Писмото на Бруно Ивановски, ученик во ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово е избрано за најубаво во државата и второ во светот, на Меѓународен литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до член од твоето семејство со искуството со ковид-19“.
Уште 28 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 344 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.926 тестирања.
Битиќи од Куманово: Во новата развојна економија, младите се движечка сила Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска заедно со претседателот на СДММ, Марко Михајловски и кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски, присуствуваше на младинската трибина во Куманово.
Димитриевски: Продолжуваме со решавање на комуналните проблеми во Агино село, Романовце и Бедиње Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва оствари средба со жителите од Агино село, Романовце и Бедиње каде беа потврдени приоритети за подобрувањето на живот на кумановци.
Во туристички автобус откриени 19 патници со фалсификувани ПЦР-тестови Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола на автобус на туристичка агенција, кој патува на релација од Македонија кон Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив се откриени фалсификувани ПЦР-тестови.
Куманово ќе го добие најмодерниот плоштад со подземни решенија, најави Илиевски Kандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, најави дека Куманово ќе го добие модерен и функционален плоштад со подземни решенија, пешачка зона и зеленило.
Младеновска: Лице со попреченост за првпат во историјата e на листа за советници во Куманово Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Бојана Младеновска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, денеска на прес-конференција потенцираше дека правата на лицата со попреченост не се луксуз, ниту привилегија, туку обврска на секоја локална заедница, на секоја демократска држава.
Доцевска-Божиновска најави реонски пазари и катна гаража кај ЗИК Носителката на листата на кандидати за советници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска- Божиновска денеска најави модернизација на градскиот и реонскиот пазар лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“, како и изградба на два нови реонски пазари и катна гаража кај поранешен ЗИК.
Спортот во Куманово мора да живее, а не да преживува, кажа Ефтимовски Младите се на маргините на општетвото. Тие се отргнати, демотивирани и разочарани. Ако младите се нашата иднина, тогаш каква иднина имаме? Спортот во Куманово мора да живее, а не да преживува. Младите и спортот за нас се приоритет и овој приоритет го ставаме во нашата програма, изјави кандидатот за советник од ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.