Ќе се градат хотели, големи трговски центри и фабрики за лесна индустија во зоната „Речица“ На 12 парцели во индустриската зона „Речица“, покрај Куманово ќе се градат големи трговски центри , хотели и фабрики .
Приведено лице по распишана потерница за доиздржување казна затвор Од страна на полициски службеници од СВР Kуманово, синоќа во 21.30 часот лишен е од слобода Ф.Р.(22) од Куманово.
Во Куманово еден починат, 90 новозаболени и 37 оздравени од ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 1.163 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.927 тестирања, информира Министерството за здравство.
Жител на Виштица вршел јавен превоз без лиценца Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Мигранти се криеле во напуштена куќа на гастарбајтер во Лојане Ш.А.(42) од село Лојане, Општина Липково, со привремена работа во Швајцарија, пријавил во полицијата дека во неговата напуштена куќа престојувале мигранти.
Ковид одделенијата преполни со пациенти, слободни само 13 кревети Деведесет пациенти заразени со ковид-19 лежат во модуларната болница и во ковид одделенијата во Општата болница Куманово, од кои 80 се на кислородна поддршка. Дополнително 104 пациенти се лекуваат во дневната болница.
32-годишно лице меѓу тројцата починати од коронавирус во Куманово Три лица од Куманово ја изгубија битката со коронавирус во изминатите 24 часа. Станува збор за едно лице од 32 години и двајца на 52-годишна возраст, соопшти Министерството за здравство.
Има кршење на процедурите во системот за спасување во случајот на сточарот од кратовско, ќе се бара одговорност, рече Ангелов Утврдени се одредени пропусти и кршење на процедурите во работењето на оперативните служби, при обезбедување на транспорт на премрзнатиот сточар во кратовското село Емирица, кој почина вчера во Штипската болница.
Мургашанска со честитка до здравствените работници: Тоа што вие го правите е херојско дело и подвиг По повод Денот на здравствените работници - 7 Април, претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, денеска ја посети Општата болница Куманово и однесе лична донација на вработените во Инфективното одделение.
Ви оддавам признание за се што сторивте во овие тешки моменти, им порача Димитриевски на здравствените работници Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска во Општата болница Куманово донираше заштитна опрема за вработените, по повод Денот на здравствените работници- 7 Април.
СТАВ: ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК Ова веќе наликува на очај. На овој пиреј, како да му е судено и од бога дадено, на ова тло да се буди во апатија, безнадежност, неверување. Со истото чувство да ги затвора очите и да оди на спиење.
Еден починат, 83 новозаболени и 33 оздравени во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 1.259 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.555 тестирања, соопштува Министерството за здравство.
Угостителите побараа поддршка од пратениците за да ги зачуваат работните места Членовите на Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово денеска се сретнаа со дел од пратениците и претставниците на локалната власт, при што побараа поддршка за надминување на тешката економска состојба во која се наоѓаат веќе една година поради коронакризата.
Мајка нападнала син со остар предмет Вчера во 16.52 часот во СВР Куманово, Н.С.(61) од Куманово пријавил дека во неговата семејна куќа на улица „Белановска“ со остар предмет бил нападнат од неговата мајка В.С.(85).
Почина сточарот од кратовско кого лекарите го носеа на раце низ планината за да го спасат Почина сточарот од кратовското село Емирица, кој минатата недела на раце беше носен 5 километри низ планината од екипа на Итна медицинска помош во Кратово, затоа што надлежните институции не обебедија возило за негов транспорт. Портпаролот на Штипската болница Марина Шуманска потврди дека лицето на 63-годишна возраст починало како последица на тешки смрзнатини и силно крварење во мозокот, поради што лекарите не можеле да го спасат.
Нега центар за помош на стари и изнемоштени лица во Крива Паланка Во Крива Паланка започна обука на 20 лица, кои ќе добијат сертификати за негуватели на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост, со што ќе биде оформен Центар за нега и давање на услуги во домашни услови.