Повреден градежен работник, паднал од скеле додека работел на станбен објект Градежен работник од Куманово е тешко повреден откако паднал од скеле. Несреќата се случила вчера во 12.30 часот во населбата „Ајдучка чешма“.
Без струја делови од градот и повеќе села Неколку локации во градот и повеќе села денеска ќе останат без електрична енергија.
Ќе се испитува зошто инстутициите не помогнаа да се спаси премрзнатиот човек кого лекарите го носеле на раце низ планина Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов формирал комисија која ќе утврди дали имало пропусти во работењето на неговите вработени или во другите надлежни институции, кои минататa недела не пружија помош на премрзнат сточар во кратовското планинско село Емирица, па екипа од Брза помош го изнесе на раце 5 км по козји патеки за да му го спаси животот.
Двајца починати и 11 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 301 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.431 тестирања.
Полициски час од 20 часот, затворање на кафеанити, кладилниците, теретаните, одлучи Владата Од утре стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот, а ќе трае во наредните две недели до 20 април, соопшти премиерот Зоран Заев.
Затворање на угостителските објекти и полициски час од 20 часот, предлага Кризниот штаб Затворање на кафеаните и кафулињата и полициски час од 20 часот, било предложено на денешната седница на Централниот кризен штаб.
Седум лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково Седум лица се повредени во сообраќајна незгода што синоќа во 21.30 чaсот се случила на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае.
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец март 2021 година.
Во Куманово двајца починати и 46 новозаболени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 734 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.246 тестирања, соопштува Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Се запали слама во Љубодраг и куќа во „Перо Чичо“ Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, соопштуваат дека првата интервенција била на опожарени копи слама, складирана во напуштен облект на поранешен ЗИК Куманово РЕ Краварство во с. Љубодраг.
Во Куманово двајца починати и 104 новозаболени од кронавирус Бројката на заразени од ковид-19 во Куманово постојано расне. Денеска, Куманово е зад Скопје, со нови 104 случаи. Во дневната статистика се регистрирани и двајца се починати и 21 оздравен.
Куманово се снабдува со безбедна и квалитетна вода за пиење Жителите на Куманово се снабдуваат со безбедна и квалитетна вода за пиење, покажаа резултатите од испитувањето Институтот за јавно здравје во Скопје.
Тројца починати и 75 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 1.320 нови случаи од 4.174 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 50 болни починаа од ковид-19.
Отворена изложбата на слики „Марини“ на Ацо Таневски Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска беше отворена изложбата на слики „Марини“ од авторот Ацо Таневски од Скопје. Изложбата содржи 28 дела, пејзажи масло на платно, изработени во периодот од 2002 до 2012 година.
Асфалтната база на КООП Инженеринг постави заштитни филтри и продолжи со работа Асфалтната база на „КООП Инженеринг“ продолжи со работа, откако ги отстрани недостатоците што беа посочени од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
Заштитeте се и имајте доверба во вакцинацијата, порача Марина Додевска Како здравствено лице кое секојдневно се соочува со пациенти и ги согледува последиците од овој тежок и непредвидлив вирус, ве повикувам и охрабрувам да се заштитите и да пристапите со доверба кон вакцинацијата кој се спроведува и која следниот месец ќе стане уште помасовна за нашите граѓани. Не плашете се, вакцинирајте се, рече на денешната прес конференција Марина Додевска од Здравствен дом Куманово.