Од понеделник вакцинација на вработени во МВР, АРМ, судови, медиуми, градинки... Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува, критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000 со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.
Шумско стопанство да го поправи патот до манастирот „Карпино“, бараат жителите на околните села Жителите на селата Сув Ора и Дренак, бараат од Шумско стопанство Куманово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да помогнат во санирање на патот кон манастирот Карпино, бидејќи нивни камиони го оштетуваат додека изнесуваат дрва.
„Чистота“ доби донација од 8 камиони за собирање на смет Преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад, ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, доби нови осум возила за собирање на отпад.
Министерот Спасовски даруваше крвна плазма Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска даруваше конвалесцентна плазма, откако пред неколку месеци прележа ковид-19. Тој ги повика граѓаните кои го прележале вирусот да го сторат истото за да помогнат.
Денеска без струја повеќето козјачки села Без електрична енергија денеска ќе останат голем број на села во општина Старо Нагоричане и неколку во Куманово.
Уште четворица починати од 56 до 81 година и 41 нов случај на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се четворица починати од компликации на кoронавирус, и тоа на возраст од 56, 62, 69 и 81 година. Новозаболено е 41 лице.
Полицијата растури забава во куќа во Куманово По пријава од граѓани, полицијата синоќа растурила забава која се одржувала во куќа во Куманово, а имало дваесетина лица, меѓу кои и малолетници.
Од коронавирус почина 53-годишен пациент, уште 80 новозаболени во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 1.320 нови случаи на ковид-19 од направени 4.738 тестирања.
Од ноќеска започнува летното сметање на времето Од ноќеска (28.03) во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час понапред и во 2 часот ќе покажуваат 3 часот. Летното сметање на времеот ќе заврши на 31. октомври годинава во 3 часот, кога ќе се премине на зимското сметање на времето.
На Табановце се чека 40 минути за излез од државата На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути.
Пазарењето во „Мартони Маркет“ сега има додадена вредност, со секое купување ви се враќаат пари на вашата сметка Групацијата myWorld која функционира во повеќе од педесет држави во светот и брои над 15 милиони купувачи и којa секојдневно расте, пристигна и во познатиот трговскиот бренд од Куманово „Мартони Маркет“.
Во тек е првата фаза од реконструкцијата на комплексот „Соколана“ Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска извршија увид во градежните работи на реконструкција на спортскиот комплек „Соколана“.
Еден починат и рекордни 94 нови случаи на ковид-19 во Куманово Бројот на заразени од коронавирус во Куманово рапидно се зголемува. Денеска се регистрирани рекордни 94 заболени, еден починат и 26 оздравени.
Нема нови рестриктивни мерки за викенд, одлучи Комисијата за заразни болести Комисијата за заразни болести денеска одржа редовен состанок, на кој одлучи дека нема да се дополнуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Дезинсекција против ларви од комарци на територијата на Куманово Во понеделник на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците.
Без вода неколку улици и една приградска населба Поради интервенции на водоводна мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на пет улици и една населба во Куманово.