×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтини за половина денар, дизелот по стара цена

    Бензините поевтини за половина денар, дизелот по стара цена

    Малопродажните цени на нафтените деривати од вечер на полноќ се намалуваат за 0,76 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, а цената на Еуродизел (Д-Е V) останува иста.

    Проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, нов предизвик за СОУ „Перо Наков“

    Проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, нов предизвик за СОУ „Перо Наков“

    Стручното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово е едно до деветте училишта во Европа, кое учествува во реализација на проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, која ја спроведува организацијата EURO-NET од Италија. Проектот се имплементира и во училишта во: Турција, Грција, Ирска, Шпанија, Италија, Романија и Португалија.

    Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

    Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

    Над 600 новинари и медиумски работници денеска од 8:20 до 10:30 часот ќе се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“. Тоа се новинари кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест.

    Без струја неколку локации во градот

    Без струја неколку локации во градот

    Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), прекин во напојувањето со електрична енергија во периодот од 8 до 9 часот ќе има на ул:Трета МУБ, гостилница Дома, сенвичара Џипси, маркетинг Суперсрк, локалот Тифани, Железара Тамара – Дерм.

    Жител на Агино село во нива пронашиол неексплодирани артилериски гранати

    Жител на Агино село во нива пронашиол неексплодирани артилериски гранати

    Б.С.(46) од с.Агино село, кумановско, вчера во 16.30 часот пријавил дека при вршење земјоделски работи на негова нива во место викано „Прогон“, во атар на Агино село, пронашол две стари неексплодирани артилериски гранати 75 мм од Втората светска војна.

    Санкционирани 63 возачи за брзо возење во Куманово

    Санкционирани 63 возачи за брзо возење во Куманово

    Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден (10.04.2021) спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово.

    Кумановец меѓу шестмината уаспени во акцијата во која е запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра

    Кумановец меѓу шестмината уаспени во акцијата во која е запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра

    До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесена е кривична пријава за организирана криминална група, и тоа против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

    Претрес во Куманово:Приведено едно лице за недозволено поседување оружје

    Претрес во Куманово:Приведено едно лице за недозволено поседување оружје

    Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

    Четворица починати и 78 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    Четворица починати и 78 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    Четири лица починаа,  а 78 се заразени од коронавирус во изминатите 24 часа во  Куманово, информира Министерството за здравство во денешниот биланс за ковид состојбата во земјава. Од починатите, двајца се на 59-годишна возраст и по еден на 67 и 75 години.