Поетско читање во чест на Св.Кирил и Методиј Во Гимназија „Гоце Делчев“ утревечер во 18 часот, ќе се одржи поетско читање во чест на 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методи.
Формирано тело за регионални проекти Преставници од шестте општини од регионот, невладини организации и бизнис сектор, се дел од регионалното тело , кое ќе селектира проекти од регионално значење.
Денеска се слави Спасовден Православните верници денеска го слават празникот на Христовото вознесение - Спасовден.
Прогласување на ученици на генерација Следната недела ќе бидат прогласени учениците на генерација од училиштата од општините Куманово и Старо Нагоричане.
Традиционален пролетен крос во Старо Нагоричане На 27 мај во селото Драгоманце, во општина Старо Нагоричане ќе се одржи традиционален пролетен крос за ученици од општината.
Изложба на уметничка фотографија “Улица 2015“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во сабота во 12 часот, ќе биде отворена републичката изложба на уметничка фотографија “Улица 2015“.
Неколку села и две улици без струја Неколку села во кумановско и липковско, како и улици во градот утре ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН.
Обновено:Се запали кабинет по хемија во Гимназијата Кабинет по хемија во Гимназијата Гоце Делчев се запалил попладнево, по хемиска реакција. На терен е екипа на противпожарната единица и пожарот е изгаснат.
Исчезнатото дете најдено во Средорек Четиригодишниот Агрон Небиу, кој утринава исчезнало од дома, бил пронајден во близина на Автобуската станица.
Трибина на ВМРО-ДПМНЕ за пролетни алергии Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе се одржи трибина на тема "Пролетни алергии и како да се заштитиме од нив", во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Одбележан Денот на пожарникарите Во просториите на Територијалната противпожарна единица Куманово, денеска беше одбележан 20 мај - Денот на пожарникарите во Македонија.
Општините и локалните совети да бидат потранспарентни Младите Европски Федералисти на Македонија спроведуваат проект со кој бараат општините и локалните совети да бидат потранспарентни кон граѓаните.
Ќе се осветува крст во Табановце Во селото Табановце во петок во 10.30 часот, ќе започне церемонијата за осветување на крстот во близина на селската црква “Света Петка“.
Се реновираат санитарните јазли во интернaтот во Драгоманце Се реновираат санитарните јазли во ученичкиот дом во село Драгоманце, со пари од Чешката амбасада добиени преку општина Старо Нагоричане.
Општина Куманово распиша оглас за 15 вработувања Општина Куманово ќе вработи 15 луѓе во проектот „Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост„.
Бањата Стрновац отворена за капачи Од петокот бањата Стрновац во општина Старо Нагоричане е отворена за капачите.