Пензионерска ревија на народна музика Здружението на пензионери по десети пат организира регионална средба на која ќе гостуваат здруженијата од Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Солидарност од Аеродром, а ќе дојдат и воените пензионери од Кратово и Крива Паланка.
Голем одзив за упис во средните училишта Во средното eкономско училиште “Перо Наков“ најголем интерес има за економски техничари, а најмалку за конфекциската струка и техничар за обувки.
Голем интерес за работа во полиција Огласот за прием на 300 полицајци во МВР создаде гужви на шалтерите во СВР Куманово. Ред се чека за добивање на уверенија за државјанство, но и за предавање на документите.
Се реновира игралиште во населба Гоце Делчев Општина Куманово го реновира спортското игралиште во населба Гоце Делчев.
Утре почнуваат уписите во средните училишта Во Куманово и Липково има 2146 слободни места за престојната 2012 / 2013 учебна година.
Граѓаните да не палат оган на отворено Од противпожарната единица во Куманово велат дека засега немаат зголемен број на интервенции и апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор.
Кумановските Роми аргати во селата на југот од државата Повеќе ромски семејства од Куманово во наредниве три месеци ќе заминат на сезонска работа во поле во Кавадарци, Росоман и Скопје. Тие велат дека во последниве две години работата е значително намалена, но тие и не прифаќаат секаде да работат, бидејќи се случувало да не бидат исплатени.
Анализа на почвата е задолжителна за лозарите Оние кои сакаат да подигнат нови насади со лозје и да добијат субвенции од државата треба да направат хемиска анализа на почвата во Земјоделскиот институт во Штип или Скопје.
Менувачниците турбо работат во лето Девизи најмногу се менуваат во лето кога Македонците се враќаат од Авганистан, а Албанците од Германија и Швајцарија, па честопати се случува на неколку часа или до крајот на работниот ден менувачниците да немаат евра.
Војската на АРМ ќе дарува крв Во касарната Христијан Тодоровски Карпош во Бедиње утре од 8.30 часот до 13.30 часот се организира крводарителска акција.
Ѓоргиевска: Да се вработат работоспособните стечајци Стечајците не се задоволни од мерките на Владата со кои се планираат шест до осум илјади нови вработувања.
Отворен Здравствениот дом во Липково Вчера беше предаден во употреба Здравствениот дом во селото Липково. Здравствената установа ќе биде 24 часа во функција на жителите од Општината.
Почнаа маките на граѓаните за вода Викендов, дел од Куманово повторно остана без вода. Граѓаните кои живејат во повисоките зони на градот, приградските населби и повеќекатниците во централното градско подрачје немаа доволен притисок на вода за основните животни потреби.
Две наши бањи на геотермална мапа Кумановска бања и бањата Стрновац се најдоа на геотермалната мапа изготвена од Министерството за економија. Овие две бањи се меѓу најпознатите 16 термални води во земјава.
Малку пријави на линијата 15 505 За три месеци само 15 лица се јавиле на телефонската линија 15 505 за пријавување на лица со ризик, бездомници, изнемоштени луѓе и деца на улица. Линијата е одворена од март, а досега имало во просек по 5 јавувања месечно.