“Конзуларни денови“ во Куманово На 4 и 5 јули во просториите на Обединета српска заедница ќе престојува конзулот на Република Србија во Македонија со нејзините соработници, каде ќе примаат барања за српски државјанства.
Корисници на дрога учеа како да помогнат на предозирани лица Во Дневниот центар за рехабилитација на корисници на дрога и членови на нивни семејства, кој функционира во состав на Центарот за социјални работи во Куманово, денеска се одржа предавање за предозираност на наркозависници.
Се довршува патот Старо Нагоричане - Никуљане Од вчера започна втората фаза на изградба на локалниот пат што ги поврзува селата Старо Нагоричане- Никуљане. Патот ќе се асфалтира во должина од 1800 метри.
Тренинг за предозираност од дрога Едукативниот тренинг ќе го следат наркозависници кои се на метадонска терапија во Центарот за зависници.
На есен продолжува проектот “Безбедни училишта“ Освен средните и основните училишта од наредната учебна година ќе бидат вклучени во проектот “Безбедни училишта“. Позитивни ефекти има. Зголемена е меѓуетничката комуникација и доверба.
Водството на стечајните во петок во Влада Наместо да се излегува на протест, координаторите на стечајните работници од целата држава во петок ќе одат на средба во Влада.
Меморијалниот центар АСНОМ го посетуваат над 10 000 гости Во Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце најмногу посетители има од април па до крајот на летото.
Седум пожари последнава седмица Две интервенции и седум пожари имало во последниве седум дена, велат од противпожарната единица во Куманово. Дел од пожарите се појавиле во урбана, а дел во рурална средина.
Куќните совети бараат чистење покрај зградите ЈП “Чистота и зеленило“ досега постапило по 30 барања од куќните совети, а до средината на јули, треба да се чисти просторот околу 10 колективни згради.
Музичкото училиште меѓу најдобрите во државата Според евалуацијата направена од Државниот просветен инспекторат нижото музичко училиште “Панче Пешев“ од Куманово е меѓу најдобрите во државава бидејќи има просек од 4, 85.
Жештините неподносливи и за домашните миленици Вработените од Ветеринарна станица Куманово апелираат до граѓаните миленичињата да не ги изложуваат на високи температури и да избегнуваат шетање напладне. Тие велат дека топлотниот бран може да има последици по здравјето на животните.
Пензионерите инвалиди купуваат дрва на рати Во договор со Македонски шуми, триесетина пензионери, кои примаат инвалидска пензија, набавиле дрва за огрев и ги плаќаат на рати. Оваа пракса беше стопирана неколку години, а сега пак се активира колективното купување на дрва.
Зошто замираат селата? На прсти можат да се избројат селата во кумановско каде има добри услови за живот, а населението не се иселува.
Скршена вратата на детското одделение во библиотеката Непознати сторители ноќеска ја обиле вратата на детското одделение од библиотеката “Тане Георгиевски“ кое се наоѓа во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Во Куманово пријавени 796 кандидати за полицајци Седумстотини деведесет и шест кумановци аплицирале за вработување во МВР. Конкурсот за вработување на 300 полициски службеници траеше до вчера, a пристигнале 7.597 пријави на заинтересирани граѓани.
Водата во реката Пчиња загадена Водата во реката Пчиња, која протекува низ кумановските села на одредени места е загадена. Најалармантно е кај селото Клечовце, каде водата содржи фосфати, амонијак и бактерии, поради што не треба да се користи за капење и наводнување.
ВРАТИ СЕ БРАНКО, ВРАТИ СЕ ГРУЈО, СЕ ВИ Е ПРОСТЕНО! Знам дека кога ќе ја видите мојата слика и до неа насловниот текст,... Виктор Божиновски