Системот капка по капка се користи минимално Во околината на Куманово мал број земјодлеци се одлучиле за системот капка по капка за наводнување бидејќи го сметаат за скапа инвестиција. За разлика од обичното поливање, наводнувањето со системот капка по капка има многу предности.
Први јуни - неработен за православните Петок пред Духовден, ќе биде неработен за граѓаните од православна вероисповест.
Почнува вакцинацијата против бруцелоза До крајот на јуни ќе трае вакцинацијата на добитокот против бруцелоза. Ќе се зема крв за анализа по што ќе има точни бројки дали постои ризик за појава на оваа болест кај животните.
Државна матура на 9 и 12 јуни Екстерните тестови од државна матура ќе ги полагаат 1493 матуранти, од гимназијата и средните стручни училишта.
Основци ќе одат на размена во Швајцарија Во текот на јуни, невладината организација Рамаси по седми пат ќе се организира меѓукултурна размена на ученици во Троген, Швајцарија.
Земјоделците се почесто садат сончоглед За разлика од претходните години, годинава во кумановско има повеќе површини засадени со сончоглед и пченка.
Купола ќе се постави на црквата во Карпош Црквата „Свети Архангел Михаил„ што се гради во населбата Карпош, до крајот на летото треба да го добие финалниот изглед.
Утре неработен ден за сите граѓани Утре се прославува „Св. Кирил и Методиј“, Ден на словенските просветители.
“Наце Буѓони“ ги отвори вратите за основците За првпат во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ се одржува „Техносаенс„ на кој учествуваат стотина основци од повеќе училишта. Се планира од наредната година овој настан да биде традиционален и помасовен.
Ваши Писма: Младите и спортот во „Европско Куманово„ Европско Куманово, еден од најчесто употребувани термини на локалната самоуправа во Куманово, сонот кој никако да стане реалност за нас младите.
Црвениот Крст организира предавање за очни болести Во зградата на поранешен Комитет, утревечер во 18 часот Црвен Крст во соработка со Поликлиниката Корнеа Медика организира предавање за очни болести.
Кумановските матуранти не танцуваа квадрил Годинава матурантите во градот не танцуваа на глобалната матурска парада со нивните врсници од Европа. По пет години, прекината е матурска традиција да се игра квадрил на Градскиот плоштад, поради незаинтересираноста на училиштата.
Во Никуљане украле крава од штала Непознати сторители ноќеска украле крава од штала на семејството Јовчиќ во селото Никуљане. Крадците дошле по полноќ, додека домаќините спиеле и без никој да ги забележи одвеле една од трите крави.
Библиотеката ќе се збогати со 400 наслови По секој саем на книгата, библиотеката прави избор на наслови и набавува белетристика.
Овошките треба да се заштитат од болести Поради променливото време кај овошките може да се појават одредени болести како што се пепелница или пламеница и затоа мора дрвцата навреме да бидат испрскани.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за местење тендери во училишниот превоз Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово тврди дека градоначалникот ги фаворизира неговите фирми спонзори за добивање на тендери за превоз на ученици.