Кочан зима, во Куманово -14 Граѓаните кои утринава во 6 часот морале да излезат од своите домови и ја мереле температурата на мобилните телефони велат дека било -14 степени.
Завеани села на границата со Србија Последните врнежи од снег ги отсекоа од светот планинските села Длабочица, Дејловце, Буковљане, Мгленце, Цветишница, Аљинце, Брешко и Дренак.
Ракометарите еуфорично пречекани на Табановце Неколку стотици кумановци, денеска во 13.30 часот ги пречекаа македонските ракометари на граничниот премин Табановце.Со музика и скандирање, граѓаните им оддадоа признание на ракометарите за одличната игра и пласманот во баражот за Олимпијадата во Лондон.
Ставревски ќе ги пречека ракометарите на Табановце Вицепремиерот Зоран Ставрески ќе ги пречека ракометарите на граничниот премин Табановце.
Конкурс за млади репортери "Здружението за едукација, комуникација и консалтинг – ОХО" распишува конкурс на тема "Млади репортери за животната средина".
На Табановце пречек на ракометарите Ракометaрите на репрезентацијата на Македонија, кои освоија петто место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон, утре во 13 часот ќе пристигнат на граничниот премин Табановце.
Свечена академија за „Свети Сава„ Српска Заедница во Македонија регионална организација во Куманово по повод националниот празник на Србите во Македонија „Свети Сава„, вечерва во Народниот театар во Куманово, организира Светосавска академија.
Казни за газдите што имаат снег пред дуќаните Иако снежната покривка во Куманово изнесува само неколку сантиметри, таа предизвика отежнато движењето на граѓаните.
ВАШИ ПИСМА: Во Куманово имало меѓународни фудбалски натпревари Заради пообјективно и попрецизно информирање на граѓаните на Куманово, би било во ред доколку ја корегирате информацијата дека 15 години се нема одиграно меѓународен натпревар во фудбал во Куманово.
Европска недела за превенција на ракот на грлото на матката Во Македонија ракот на грлото на матката е второ малигно заболување кај жените. Сите видови на рак на грлото на матката (99%) се поврзани со гениталната инфекција на хуман папилома вирус(ХПВ).
Затворени кафиќи во кои се пуши Пазарната инспекција во текот на минатата недела затворила 10 угостителски објекти во градот, поради неправилности во работењето и не применување на законот за пуштење.
100 тони сол на улиците и патиштата На локалните патишта и улиците во Куманово викендов се фрлени 100 тони сол, за да се спречи голомразицата и задржување на снегот.
Жените Ромки во Куманово се дискриминирани Ова го покажало истражувањето на Центарот за ромска заедница "Дром" од Куманово за потребите на проектот "Стоп за двојната дискриминација на жената Ромка".
Пивтии за децата со хендикеп Мултимедијалниот Центар „Карпино„ во рамки на манифестацијата „Пивтијада„ вчера и денеска донираше пивтии на неколку институции и здруженија во градот. Денеска напладне беа однесени 50 тањири пивтии во Центарот за деца со интелектуална попреченост кај градинката „ЧИК„.
Крстот се фрлаше и во црквата Свети Никола Во централниот храм „Свети Никола“ во Куманово, крстот го фати Никола Златановски (19), студент од Куманово. Тој се надева дека оваа година крстот, ќе му донесе среќа здравје и просперитет.
Распустот на учениците до понеделник Министерството за образование и наука издаде препорака второто полугодие во сите основни и средни училишта да почне во понеделник, наместо во петок, поради екстремно ниски температури во државата.