Во Старо Нагоричане ќе се формира Клуб на дрвото Здружението на граѓани „Ден на дрвото-засади ја својата иднина„ ќе формира Клуб на дрвото и во Општината Старо Нагоричане.
Казнети полицајци од Белановце Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 4 решенија против вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.
Намален бројот на лажни азиланти Последниов месец е намален бројот на баратели на азил. Ова беше речено на трибината "Стоп за злоупотреба на визна либерализација" што ја организираше МВР и невладината организација "Даја".
Трибина за спречување на злоупотреба на визната либерализација МВР во соработка со невладината организација „Даја“ од Куманово, денес во 18,00 часот во просториите на поранешен Комитет, ќе го имплементира Проектот – “Стоп за злоупотреба на визна либерализација“ со целна група – граѓани, Роми на Општина Куманово.
Филиповски: Големите загуби на вода ги оставиjа граѓаните жедни Водостопанство и да ги испорача дополнителни 40 литри во секунда вода, поради огромните загуби во цевководот тие нема да стигнат до граѓаните.
Протестираа пазарџиите на Зелениот пазар Тие деновиве добиле решенија во кои им било наложено да потпишат договор со УЈП, како трговци на зелен пазар, па врз основа на тоа ќе им се засмета паушален данок.
Вода ќе добиеме на Куково лето ЈП „Водовод„ и Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ кога ќе потпишат договор за соработка и ќе се договорат за цената на водата, тогаш граѓаните на Куманово ќе добијат вода за пиење.
Регионални тела ќе вршат надзор на депониите Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, денеска присуствуваше на редовната седница на Советот за развој на североисточниот плански регион, каде со градоначалниците на шестте општини расправаа за формирање на регионални тела за управување со цврст отпад.
Запалени две комбиња Се претпоставува дека причина за пожарот е незавршена пресметката на двете семејства кои пред неколку дена се спукаа со автоматски пушки поради имот во кругот на поранешната фабрика.
Зошто во сите села нема доктори во амбулантите? Ова прашање стана актуелно овие неколку зимски месеци кога од студот и непроодноста или тешката проодност на патиштата кон градот, жителите на кумановските села не можеа да добијат здаравствена заштита.
Ученици од Куманово најдобри во знаење за Европа Ученици од гимназијата „Сами Фрешери„ од Куманово освоиле прво место на натпреварувањето „Колку ја познаваш Европа„ што се одржало на Филозовскиот факултет во Скопје.
Се спукале за паркот во „Киро Фетак„ Пресметката на двете вооружени групи што вчера се случи на паркингот пред поранешен „Киро Фетак„,била поради земјиште во кругот на некогашната фабрика.
Проблемот со вода на седница на Влада Директорите на двете водоснабдителни претпријатија денеска во Комисијата за економски систем ги изнеле проблемите со кои се соочуваат при испораката на вода.
Кумановци повеќе се раѓаат, помалку умираат Според податоците на Државниот завод за статистика, природниот прираст во четвртото тримесечје од 2011 година во Куманово бележи позитивен тренд од 34 лица.
Полицајци даруваа крв Редовна крводарителска акција денеска се одржа во просториите на СВР Куманово.Во акцијата се вклучија вработените од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
Партиите да не го политизираат проблемот со водата Раководството на Водостопанство „Кумановско-поле„ ги повикува политичарите во градот да не го злоупотребуваат проблемот со водоснабдувањето за лична промоција и во политички цели, туку да ги остават двете водоснабдителни претпријатија сами да изнајдат решение за настанатиот проблем.