Нема настава и во Старо Нагоричане Општината Старо Нагоричене одлучи да ја прекине наставата во основните училишта, поради временските неприлики. Одлуката учениците да останат дома важи до петок.
Земјотрес во Скопје Во Скопје утринава во 8 часот и 4 минути е почувствуван земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Се прекинува наставата во Куманово Локалната самоуправа одлучи од утре да се прекине наставата во сите основни и средни училишта во градот.
Кумановци се поклонија на Карпош Пред спомен куќата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош денеска беше одбележана 68 годишнината од неговото загинување.
Во Липково прекината наставата Во Липково од утре нема да се изведува наставата во сите основни и средни училишта поради големото невреме што ја зафати општината.
Ќе се скратат ли часовите во училиштата? Директорите на средните училиште побарале да се скратат часовите во училиштата поради ниските температури. Сите одлуки за прекин на наставата и скратување на часовите ги неси Советот, а да ги одобрува Министерството за образование.
Во Куманово -8 степени Денеска времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од снег, во југоисточнот дел од земјата ќе врне и дожд и снег.
Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев Во гимназијата „Гоце Делчев„ беа одбележани 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер.
Матичните лекари синоќа не дежураа Причината поради која дежурните матични лекари синоќа не се појавиле на работа не ги знае ни претседателката на здружението на приватни лекари Зорица Јовановска, но тврди дека не станува збор за организиран прекин на дежурствата. Пацентите се револтирани и прашуваат кога ќе се стави крај на самоволието на здравствените работници во градот.
Пајакот демне ! „И да врне и да вее и бура да коси, пајак коли носи„- вака би можела да се препее детската песничка за работата на пајак службата во градот.
Мештаните на козјачијата снемуваат храна Сеуште се отсечени од светот жителите од планинските села Мглинце, Буковљане, Бајловце, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Аљинце во општината Старо Нагоричане.
Завеани десетина села во кумановско Десетина планински села во кумановскиот регион се отсечени од светот, по најновите врнежи од снег. Непроодни се патиштата кон селата Мглинце, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Аљинце во општината Старо Нагоричане а непристапни се и планинските липковски села Гошинце и Лукаре.
Градските улици затрпани со снег Снегот кој од синоќа паѓа во Куманово се задржува на коловозот и го отежнува одвивањето на сообраќајот. Надлежните во локалната самоуправа велат дека засега нема пријавено некои поголеми проблеми и дека сообраќајниците во текот на денот ќе се исчистат од снегот.
Забрани за движење на камиони на планинските превои Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови поради врнежи од снег во земјава. Снегот се задржува на коловоз и го отежнува движењето на возилата.
Ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне инсталацијата Во Куманово во последните два дена енормно е зголемена потрошувачката на вода поради тоа што граѓаните ги оставаат чешмите да течат за да не им замрзне водоводната инсталација.
Голем интерес на стечајците за социјални помош Досега 450 стечајни работници и технолошки вишок се пријавиле во здружението „Унит„ Куманово за да добијат социјална помош од Општината.