Со флаери против злоупотреба на визната либерализација Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и вицепремиерот Васко Наумовски денеска делеа фалери со информации за безвизниот режим на граничниот премин Табановце. Прирачникот го добиваа само македонските патници што ја напуштаа државата, со цел подетално да се информираат за предностите и последиците на злоупотребата на визната либерализација.
Српската заедница слави 20-ти роденден Српската заедница во Македонија прослави 20 години постоење и успешна работа. По тој повод синоќа во центарот за култура организираа свеченост за своите членови и пријатели. За почетоците и развојот на српската заедница зборуваше претседателката Гордана Стојковска.
Старо Нагоричане доби фудбалско игралиште Во Општината Старо Нагоричане, вчера свечено беше предадено во употреба Фудбалско игралиште, како дел од проектот на Агенција за млади и спорт - 50 Фудбалски игралишта.
Олимписки игри на село Во основното училиште „Светозар Марковиќ„ во Старо Нагоричане утре и задутре ќе се одржат Мали училишни олимписки игри на село.
24 мај- неработен ден 24 мај - Денот на словенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ е неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Генерално собрание на Федерацијата на фармери Федерацијата на Фармери на Република Македонија утре во Куманово ќе одржи редовна годишна седница на Генерално собрание.
Хепенинг за ЕУ на Градскиот плоштад По повод Денот на Европа, ЕУ Инфо Точка од Куманово во соработка со основни и средни училишта од градот, како и НВО Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово организира Хепенинг на градскиот плоштад од 11 до 13 часот.
“European Village” во Градската галерија Во Градската галерија вечерва од 19 до 21 часот, ќе се одржи “European Village” со презентација на храна, музика, традиционални игри и ора од 10 различни држави.
Полицаец на Пелинце добил отказ Р.Г. од Куманово, полицаец во Полициска станица за гранична контрола „Пелинце“, изречена му е мерка „отказ“. Казната ја заработил бидејќи изостанал од работа три последователни дена.
Менкова колиба и Студена вода ќе се уредуват Општината Куманово и Фондацијата за култура и спорт "Куманово", денеска го презентираа проектот "Санација и реставрација на спомен –обележјата Менкова Колиба и Студена Вода".
За 150 евра скок со згоден падобранец Во Македонија тендем скоковите почнаа од мината година, а авантурата се плаќа од 150 - 200 евра и може да се пријави секој, без разлика на падобранското искуство. Скокот го снима со камера и останува трајно заблежан.
Откажан хепенингот за Денот на Европа Културно-забавната програма што требаше да се одржи на Градскиот плоштад во 11 часот е откажана поради лошото време.
Маскенбалот ќе прерасне во карневал Пред споменикот на најголемиот кумановски шагаџија „Батко Ѓорѓија“, денеска продефилираа над 3000 ученици под маски од основните и средните училишта,и деца од градинките во градот.
Отворен нов граничен премин на македонско-српската граница Нов граничен премин денеска беше отворен на македонско-српската граница кај Крива паланка. Преминот Голема Црцорија- Голеш го отворија министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија Гордана Јанкуловска и Ивица Дачиќ.
Денеска се слави Ѓурѓовден Ѓурѓовден, се празнува секоја година на 6 мај. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува природата и животот. Покрај христијаните,го слави и друго население во Македонија.
Одбележана 106 годишнината на Челопечка кула Обединетата српска зедница во Македонија, регионален одбор Куманово во сабота на 30 април во селото Челопек, организираше помен и сеќавање на 106 годишнината од битката на Челопечка кула.