Ќе се формира бизнис мрежа во регионот Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани денеска беше во посета на општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски и разговараа за проект за формирање на бизнис мрежа.
Парична помош за Бјелина и Бања Лука Парична помош е собрана за збратимените градови Бјелина и Бања Лука во БИХ кои се соочија со поплави.
Минимално извршување на општински буџет во двата квартали Минимално е реализиран општинскиот буџет во двата квартали од 2014 година, критикуваа советниците од Коалицијата За подобра Македонија на денешната седница на Советот на општина Куманово.
„Водовод“ работел со загуба во последното тромесечје Јавното претпријатије “Водовод“ во период од 1 април до 30 јуни годинава работело со загуба од 17.000.000 денари највеќе поради исплаќање на долгови по основ на тужби од Водостопанство.
Североисточниот регион со најмлади пациенти во болниците Триесет години е просечната возраст на пациентите кои во 2013 година се лекувале во болниците во нашиот регион.
Заврши ликовна колонија “Куманово 2014“ Заврши 40 - та јубилејна ликовна колонија “Куманово 2014“ во рамки на која 15 уметници од земјава и странство твореа во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Жители на Старо Нагоричане бараат мебел и покуќнина Жители на Старо Нагоричане се заинтересирани за добивање на донации од акцијата “Се грижиме за топол дом“ која ја реализира Министерството за труд и социјална политика.
Осумнаесет ученици запишани во билингвална паралелка Осумнаесет ученици се запишани во прва година во билингвалната македонско - француска паралелка во Гимназија “Гоце Делчев“.
345 деца новородени во Куманово Во второто тромесечје од 2014 година во Куманово се родени 345 бебиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Tројца болни од жолтица во кумановско за половина месец Само три случаи на болни од жолтица од типот А е регистриран на подрачјето на Куманово во последниве две недели, регистрирале од Центарот за јавно здравје Куманово .
Трговија на мало најатрактивна за бизнис? Кумановци најчесто отвараат фирми кои се занимаваат со трговија на мало.
Нема добиток болен од “син јазик“ во кумановско Во кумановско нема заболен добиток од болеста “син јазик“ и сточниот пазар нормално функционира, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство од Скопје.
Во кумановски и липковски села ќе нема струја Во неколку кумановски и липковски села утре ќе биде исклучена електричната енергија.
Шеесет слободни места за упис во “Панче Пешев“ Шеесет слободни места има во музичкото училиште “Панче Пешев“ за упис во вториот рок кој ќе трае од 1 до 12 септември.
Невработените ќе се обучуваат за напредни ИТ вештини Невработените до 5 септември ќе можат да се пријават во Центарот за вработување за да следат обука за напредни ИТ вештини.
Зголемено производството на сончоглед во кумановско Производството на сончоглед во кумановско е зголемено за 40 отсто во однос на лани.