Подарувајте и декорирајте со брендот “Fenia Flowers & Art Decorations“ Подароци, новогодишни украси, декорации за свадби, украсување на ресторани, декорирање на канцеларии се услуги кои можат да ви ги понудат од компанијата “Fenia Flowers & Art Decorations“.
Хуманитарен базар за жртвите на семејно насилство Хуманитарен базар за помош на жртвите на семејно насилство ќе се оддржи денеска на Градскиот плоштад од 12 до 14 часот.
Реновирана фискултурна сала во “Браќа Миладиновци“ По повод 3 декември - Меѓународен ден за лица со посебни потреби денеска беше пуштена во употреба реновираната фискултурна сала за посебните паралелки во ОУ“Браќа Миладиновци“.
Отворена канцеларија на Агенцијата за вработување во Липково Од денеска и официјално во просториите на Општината Липково започна со работа канцеларија на Агенцијата за вработување, каде во иднина ќе се пријавуваат невработените лица од оваа општина.
Се реновира покривот на ОУ “Браќа Миладиновци“ Во тек е реновирањето на покривот на основното училиште “Браќа Миладиновци“ во делот до театарот каде настава изведуваат учениците од прво одделение.
Лихвари наплаќале месечна камата од 10 отсто К.В.(46) и Ф.В.(27) двајцата од Куманово наплатувале месечна камата од 10 проценти на сограѓанин што му позајмиле пари.
Прекугранична соработка за подобри услови за лицата со хендикеп По повод 3 декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, Центарот за развој на североисточен плански регион, денеска организираше работилница за прекуграничниот проект “Сите деца учат заедно“.
Предавање на тема “Остеопороза - болест на новото време“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 18 часот ќе се оддржи предавање на тема “Остеопороза - болест на новото време“.
Предавање за пауловнија - дрво за мебел Во просториите на Здружение на земјоделски производители, утре во 11 часот ќе се оддржи предавање за одгледување на пауловнија - дрво за мебел.
280 прегледи за утре закажани во Општа болница Над 280 прегледи преку “мој термин“ ќе бидат реализирани утре во амбулантите при Општа болница Куманово.
Нема бактерии во минералната вода во Проевце Најновите анализи покажале дека нема бактерии во водата на чешмите со минерална вода во Проевце.
Утре се одработува “Ден на дрвото“ Институциите и училиштата кои не работеа во средата поради оддржување на акцијата “Ден на дрвото“ ќе работат утре.
Библиотеката набави 1500 нови лектири Градската библиотека “Тане Георѓиевски“ набави 1533 нови лектири за основно и средно образование на македонски и албански јазик.
Гимназијалците најдобри на регионалниот противпожарен квиз Кумановските гимназијалци обезбедиа учество на државниот противпожарен квиз во Скопје, откако денеска победија на регионалниот натпревар во Пробиштип.
Се чистеше снегот од кумановските улици Eкипи на претпријатијата задолжени за зимско одржување на улиците доцна синоќа го расчистувала снегот од кумановските улици и фрлиле 80 тони сол, тврдат од Општината Куманово.
Кумановската администрација пошумуваше во населбата Карпош Градоначалникот и општинската администрација денеска засадиа дрвца на ридот кај црквата “Св.Архангел Михаил“ во населбата Карпош.