Новогодишен еко саем во “Браќа Рибар“ Во основното училиште “Браќа Рибар“ во селото Табановце, се оддржа новогодишен еко саем на кој учениците продаваа новогодишни украси што ги изработиле со нивните родители во училиштето.
СДСМ: Незаконски назначена директорка на школо во Нагоричане Од СДСМ го обвинија градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски, дека во ОУ “Христијан Карпош“ во селото Младо Нагоричане назначил директорка која не ги исполнува условите за работа предвидени со законот.
Мерната станица ќе проработи догодина? Мониторинг станицата за загаденост на воздухот сместена во кругот на болницата се очекува да проработи следната година.
„Нокаут“ и Тајзи на Плоштад, кафаните преполни Групата „Нокаут“ и кумановскиот рапер Тајзи ќе ги забавуваат кумановци за најлудата ноќ на Градскиот плоштад во Куманово. Концетот ќе трае 3 часа, а на полноќ ќе настапат дувачки оркестри, за да ја загреат атмосферата.
Почнува проектот “Отворени денови за земјоделството“ Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во наредните два месеци ќе работи во две смени, бидејќи започнува проектот “Отворени денови за земјоделството и рурален развој“.
Продажба на ракотворби за “Порака наша“ Рачно изработени предмети од корисниците на “Порака наша“ и ученици од медицинска струка од “Наце Буѓони“ денеска се продаваат во Комерцијална банка.
Работилница “Заедно другаруваме, заедно празнуваме“ Во основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска се оддржа работилница која е дел од проектот “Заедно другаруваме, заедно празнуваме“.
“Мајка“ подели пакетчиња на децата со посебни потреби Членки на хуманитарното здружение “Мајка“, вчера поделија новогодишни пакетчиња на лицата со посебни потреби згрижени во Дневниот центар кај Чик.
Чевларите на прием кај градоначалникот Чевларите од Куманово денеска присуствуваа на предновогодишен коктел во просториите на Општина Куманово.
Пакетчиња ќе добијат децата на глувите лица Децата на глувите лица новогодишни пакетчиња ќе добијат во недела во просториите на Здружението на глуви и наглуви Куманово.
Децата без родители добија пакетчиња 40 деца без родители сместени во згрижувачки семејства, добија пакетчиња од градоначалникот.
Магла на автопатот кон Скопје Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по суви коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.
Денот на настава на турски јазик неработен за Турците Утре се одбележува Ден на настава на турски јазик и по тој повод турската етничка заедница нема да работи.
Земјоделците заинтересирани за одгледување пауловнија Десетина фармери од кумановските села се заинтересирани да одгледуваат пауловнија, дрво кое многу брзо расте а има широка примена во дрвната индустрија.
Новогодишните тезги бесплатни Општина Куманово оваа година нема да наплаќа комунална такса на продавачите, кои поставија тезги на плоштадот пред Центарот за култура.