×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тетовци никако да ги наполнат градите со чист воздух, градот под Шара најзагаден во свет

    Тетовци никако да ги наполнат градите со чист воздух, градот под Шара најзагаден во свет

    Локалните власти во Тетово, од она што се гледа на терен, немаат спроведено активности за намалување на аерозагадувањето. Погрешните политки со дозволи за градби, индиферентниот однос кон узурпаторите, дивите депонии, придонесоа Тетово да биде број еден загаден град во светот. Сегашната локална власт, пак, во својата предизборна програма вети дека ќе се залага за обновливи извори на енергија, фабрика за рециклирање на отпад, повеќе зелени површини, еколошки транспорт

    Образовни реформи: Зборуваме за дигитализација, а училиштата во охридско со една смарт табла!

    Образовни реформи: Зборуваме за дигитализација, а училиштата во охридско со една смарт табла!

    Дигитализацијата е одличен процес кога сите ученици би имале таблети, кога во секое училиште ќе има интернет. За инклузивно образование се неопходни кадровски и инфраструктурни подготовки во училиштата во охридско-струшкиот регион. Годинава во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид за првпат има 4 деца со посебни потреби. Според последниот Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија, реформите во образованието одат бавно

    Светската организација за интелектуална сопственост бара поголема заштита на Oхридскиот бисер

    Светската организација за интелектуална сопственост бара поголема заштита на Oхридскиот бисер

    Да сопре нелојалната конкуренција и нелегалната продажба на фалсификувани бисери во Охрид, бара Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO-World intellectual Property Organization). Државата во 2012 година ги брендира бисерите на двете охридски семејства, Филеви и Талеви, како најстара трговска марка и патент. Охридскиот бисер е заштитен како географски назив и интелектуална сопственост од страна на македонските институции, а по извршена анализа и изготвен елаборат на Технолошко-металуршкиот факултет, кој ги утврдил посебностите и сите својства кои го карактеризираат производот. Но, заштитата е само на хартија, во Охрид на секој чекор се продаваат лажни бисери

    Лекарите специјалисти надвор од работното време ќе може да дежураат низ болниците во внатрешноста

    Лекарите специјалисти надвор од работното време ќе може да дежураат низ болниците во внатрешноста

    Специјалистите вработени во која било државна или приватна болница ќе можат да дежураат во здравствените установи ширум државата. Со новите законски измени ќе им се овозможи на докторите да дојдат кај пациентите во помалите градови, наместо пациентите со компликации да одат во болниците во градовите надвор од нивното место на живеење

    Новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета чека во Собранието

    Новиот закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета чека во Собранието

    Во предлог текстот што се наоѓа во собраниска процедура на прво читање, има интервенција во повеќе од 1/3 од постојните членови во важечкиот Закон. Важна новина предвидена со новиот законски текст е значителното намалување на максималните износи кои судот може да ги досуди како надоместување на нематеријална штета, предизвикана со навреда или клевета од новинар во вршење на новинарска професија, од уредник или лицето кое го заменува или од правно лице. Така, за новинар овој лимит е 400 евра, за уредникот 2.000 евра, а за правното лице 5.000 евра во денарска противвредност

    Неопходни се решителни чекори за справување со еколошките предизвици

    Неопходни се решителни чекори за справување со еколошките предизвици

    Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, се вели дека државата постигнала лимитиран напредок во заштитата на природата и во климатските промени. Во Кластерот 4 наречен „Зелена агенда и одржливо поврзување“, во поглавјето 27: Животна средина и климатски промени , се посочува дека имплементацијата во сите сектори останува загрижувачка и дека повеќето од минатогодишните препораки не биле спроведени

    Општина Охрид и јавните претпријатија пренатрупани со вработени

    Општина Охрид и јавните претпријатија пренатрупани со вработени

    Бројот на административци во општина Охрид од година во година расте. Во општина со 50 000 жители, според европскиот просек треба да има 50 административци, но во Охрид има 280 вработени само во општината и уште стотина во јавните претпријатија

    Не е точно дека ДУИ досега не била во опозиција

    Не е точно дека ДУИ досега не била во опозиција

    ДУИ беше опозициска партија пред 15 години, во 2006 година кога Груевски формираше влада со ДПА, НСДП и ЛДП. Во власта, пак,  е континуирано 13 години – од 2008 година. Оттука, неточна е информацијата што ја соопштува Левица дека доколку падне Владата на СДСМ и ДУИ, ДУИ, конечно, по 20 години ќе замине во опозиција

    Дуќанџиите на удар на нелегалната интернет продажба

    Дуќанџиите на удар на нелегалната интернет продажба

    Охридските дуќанџии со години се соочуваат со нелојална конкуренција. Многу е-продавници, без фирма и фискална каса, „дебело“ заработуваат на социјалните мрежи. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнале голем број поплаки од измамени граѓани. Оттаму сметаат дека е потребна поголема едукација на граѓаните за купување преку интернет

    Сите се за родова еднаквост, ама само на хартија!

    Сите се за родова еднаквост, ама само на хартија!

    За унапредување на родовата еднаквост потребни се суштински промени, а не декларативни заложби. На последните локални избори (2021), од 299 кандидати за градоначалници дури 91,64 проценти беа мажи, а само 8,36 отсто жени. На кандидатските листи за членови на општинските совети 55 проценти беа мажи, а 45 отсто жени. Политичките партии во своите предизборни кампањи ветуваат унапредување на родовата еднаквост, но во пракса ретко прават видливи напори за остварување на таквите заложби

    Дебата: Реформите во медиумскиот сектор треба да се континуитет, а не процес тргни-застани

    Дебата: Реформите во медиумскиот сектор треба да се континуитет, а не процес тргни-застани

    Нема исполнување на реформскиот процес во медиумскиот сектор доколку нема доследност во политичката волја за спроведување на тој процес, беше заеднички заклучок од дебатата што ја одржа Фондацијата „Метаморфозис“, по презентацијата на Извештајот од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите

    Ромите и Египќаните живеат на маргините од општеството

    Ромите и Египќаните живеат на маргините од општеството

    Ромите и Египќаните се соочуваат со потценувачки однос во комуникацијата со институциите, наидуваат на бариери во пристапот до здравствената заштита, но и на образовни и социјални предрасуди. Во изминативе две години од пандемијата најчестите поплаки на Ромите и Египќаните се однесуваат на здравствените услуги. Валат дека на дискриминација наидуваат насекаде дури и при посета на маркети и угостителски објекти

    Извештај на ЕК: Нападите врз новинарите и финансирањето на медиумите остануваат рак-рана на општеството

    Извештај на ЕК: Нападите врз новинарите и финансирањето на медиумите остануваат рак-рана на општеството

    Здружението на новинарите на Македонија осврнувајќи се на Извештајот на ЕК во делот за медиумите, нагласува дека нападите кон новинарите се зголемија, а ветената нулта толеранција не се оствари, затоа што степенот на неказнивност остана висок. Зоран Фиданоски од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, смета дека измените во Кривичниот законик, според кои нападот и заканата врз новинар ќе се третира како напад врз службено лице, ќе имаат ефект

    Раководните функции во Југозападниот регион „резервирани“ за мажи

    Раководните функции во Југозападниот регион „резервирани“ за мажи

    Југозападот сè уште не е доволно „зрел“ да прифати зголемување на политичкиот ангажман на жените.Три децении од осамостојувањето до денес, во општините од Југозападниот регион немало ниту една градоначалничка. Ако се погледне менаџирањето во вкупно шест јавни претпријатија во Охрид, само две се управувани од жени. Струга има четири јавни претпријатија, но само со едно од нив раководи жена. Во струшкиот регион има и четири јавни здравствени установи, ама со нив раководат исклучиво мажи