Ракометарките на Куманово излегуваат на Европски терен Во недела нашите ракометарки на гостински терен беа поразени од екипата на Жито Прилеп со резултат 36:31.
Успешна трка за кумановските велосипедисти Викендов во Велес се одржа велосипедска трка „Куп на Македонија 2012„ на која велосипедистите од Вело-М покажаа извонредни резултати.
Сакиповски член на боксерската репрезентација Младиот Џемаил Сакиповски (56 кг) вчера на отворен спаринг-меч ги победи неговите противници и обезбеди место во младинската репрезентација на Македонија.
Кумановските боксери во борба за влез во репрезентацијата Кадети и јуниори на БК „Фајтер„, денеска во Скопје ќе се борат за место во репрезентацијата, а воедно ќе си обезбедат виза за претстојното европско првенство младинско што ќе се одржи во Софија.
Финален настап на малите Пинк Пантери Во спортската сала во Куманово, утре во 11.30 часот Спортската градинка "Пинк Пантер" ќе одржи настап за најмалите спортисти да го покажат своето знаење пред јавноста.
Црвен Крст се вклучува во фудбалски натпревари Волонтери на Црвен Крст почнувајќи од утреа ќе организираат повеќе натпревари во фудбал под мотото “Насмеј го детето“. Спортските активности ќе бидат во соработка со забавните школи за фудбал.
Вечерва играат Куманово и Металург Екипите на Металург и Куманово вечерва со почеток во 20 часот и 10 минути во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе си ги одмерат силите во полуфинален натпревар од Купот на Македонија во ракомет.
Последен натпревар на ракометарките за оваа сезона Во недела на гостински терен ракометарките на Куманово во Арена Сонце во Прилеп со почеток во 13 часот ќе го одиграат и последниот натпревар за оваа сезона против екипата на Жито Прилеп.
Почна државното училишно првенство во атлетика Средното техничко училиште “Наце Буѓони“ годинава е домаќин на државниот натпревар во атлетика. Ќе се натпреваруваат 27 екипи од основните училишта од Македонија.
Робин ван Перси го одби Арсенал Најдобриот играч во Премиер лигата, напаѓачот на Арсенал Робин ван Перси ги одби челниците на Арсенал поради тоа што сеуште не е убеден дека тимот ќе формира екипа која ќе се бори за освојување на Премиер лигата.
Обама се пошегува со Бекам Англискиот фудбалер Дејвид Бекам беше главна тема на шегите на Барак Обама, при приемот на тимот ЛА Галакси во Белата Куќа.
Јаја Туре го напушта Сити По освојувањето на титултата во Англија, еден од најдобрите играчи кај англискиот шампион, Јаја Туре ги шокираше „граѓаните“ објавувајки дека сака да го напушти Манчестер Сити.
Денот кога Милан плачеше: простувањето на Инзаги, Гатузо, Неста и Сидорф Недела 13.мај е ден кој ќе остане запаметен во историјата на фудбалот кога четири легенди на Милан, Филипо Инзаги, Џенаро Гатузо, Алесандро Неста и Кларенс Сидорф се простија од омилениот дрес. Го нема оној искрен навивач на росо-нерите кој не заплака после мечот со Новара.
Заборавија на камерата: Како Коларов го бркаше Савиќ од кадар Титулата шампион на Англија до која Манчестер Сити стигна на чудесен начин со головите на Џеко и Агуеро во продолжението, сеуште се слави во плавиот дел на Манчестер.
Улица именувана по Роџер Федерер Улица во малиот германски град Хале беше именувана по швајцарскиот тенисер Рожер Федерер. Овој град секоја година е домаќин на Gerry Weber Open, турнирот на трева кој служи како загревање на тенисерите пред Вимблдон, а Швајцарецот го има освоено овој турнир 5 пати во кариерата.
Олимпијакос е нов Европски шампион Кошаркарите на Олимпијакос ја шокираа кошаркарските љубители, одкако целосно се вратија во натпреварот и успејаа да го совладаат големиот фаворит ЦСКА Москва. Принтезис беше прецизен во последните секунди од мечот за конечен резултат на натпреварот беше 61:62 (10:7, 24:13, 19:20, 8:22).