Дамјановски: Министрите прават политика на маката на поплавените Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски смета дека министрите ги злоупотребуваат поплавите за политички маркетинг, додека Владата молчи колку пари ќе обезбеди за обештетување на граѓани.
Поплавите го одложуваат засадувањето на пролетните култури Поради обилните дождови и поплави, засадувањето на пролетните култури ќе доцни неколку седмици, додека почвата да ги впие големите количини вода.
Утврден редослед на кандидати за градоначалник Со жребка е утврден редоследот на кандидатите за градоначалник за престојните локални избори. Општинската изборна комисија ја објави листата на кандидати за Куманово.
21 жена во трка за градоначалник На локалните избори во март, 21 жена ќе побара од гласачите мандат да води општина.
Кој ќе ги претставува партиите во новиот совет? Општинската изборна комисија јавно ги истакна листите со кандидати за советници за локалните избори. Во Куманово во трка се 10 листи на советници.
Крводарителска акција во „Перо Наков„ Во средното економско училиште “Перо Наков“, настава на албански јазик утре ќе се оддржи крводарителска акција.
Дамјановски: Ни се случи елементарна непогода Градоначалникот Зоран Дамјановски побара од Министерството за одбрана да дозволи поплавените семeјства да се сместат во касарната “Христијан Карпош“, додека не се создадат услови да се вратат во нивните домови.
Ќе се евакуираат 300 семејства од поплави Околу 300 семејства треба да бидат евакуирани од своите домови, поради големите поплави.
Средовечен маж се удави во река во Длабочица Радован С. (51) од селото Цветишница синоќа се удавил во река во селото Длабочица.
Пензионерска средба во Грација Утре пензионерите ќе организираат традиционална забавна средба во ресторан “Грација“.
СДСМ го одби предлогот на ВМРО - ДПМНЕ Од СДСМ експресно го одбија предлогот на владејачката партија за пролонгирање на рокот за поднесување на кандидатури и советнички листи.
Покачено нивото на водите-нема опасност од поплави Во Кумановско-липковскиот регион нема опасност од излевање на водите од речните корита и покрај благото зголемување на водостојот во реките по последните врнежи од дожд, информираат во Центарот за управување со кризи.
ВМРО-ДПМНЕ предлага пролонгирање на рокот за кандидатури до 3 март За да се надмине политичката криза, од ВМРО - ДПМНЕ предлагаат да им се даде рок на опозиционерите до 3 март за поднесување на кандидатури за градоначалници и советнички листи.
Tрибина за намалување на невработеноста Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва со почеток во 18 часот ќе се оддржи трибина на која ќе се зборува за намалување на невработеноста.
СОРОС финасира проект во “Христијан Карпош“ Основното училиште “Христијан Карпош“ ќе реализира неколку интеркултурални работилници, форум театри, а ќе изработи витраж и ограда со пари добиени од проект на СОРОС.
Во Ваксинце и Черкезе фатени албански и српски државјанки При контрола на угостителски објекти во Куманово и Липково, викендов откриени се странски државјанки со нерегулиран престој.