Честитка за 8-Септември од градоначалникот и Советот Градоначалникот и Советот на општина Куманово на сите граѓани на Oпштина Куманово им го честитаат големиот празник 8-ми Сптември, Денот на независноста на Република Македонија.
Истепале полицаец што сакал со пајак да им ја дигне колата Четворица кумановци физички нападнале полицаец кој се обидел со пајак да им го подигне непрописно паркираното возило.
“Се грижиме за топол дом“ со три донации во Куманово Преку акцијата “Се грижиме за топол дом“ реализирани се три донации во Куманово.
Планинари ќе се искачуваат на Козјак и на Кораб Кумановските планинари денеска ќе се искачуваат на планината Козјак, а утре на празникот 8-септември ќе го освојуваат Кораб.
Си замина камионот-пиљара Попладнево сопствениците дојдоа по камионот кој три месеци стоеше на тротоар.
Три пожари од запалени стрништа Во селата Студена Бара, Шупли Камен и кон граничен премин Табановце покрај автопатот, несовесни граѓани запалиле стрништа, па пожарот се проширил и на околните ниви.
Се отвори изложбата “Бесконечност“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се отвори изложбата насловена како “Бесконечност“ на ликовниот уметник Симона Јакимовска од Куманово.
Колку се богати градоначалниците во регионот? На интернет страната на Антикорупциска комисија објавена е имотната состојба на функционерите, меѓу кои и податоците за имотот кој го поседуваат градоначалниците во регионот и нивните семејства.
Пчињани бараат затворање на Краста Жителите од селото Пчиња ќе бараат од Министерството за животна средина трајно затварање на депонијата, а доколку тоа не се случи до 1 ноември ќе организираат масовни протести и ќе ја блокираат Краста.
Мизерни услови за првачињата кај Соколана Руинирани тоалети, дотрајани прозорци, скршени стакла, стари клупи и столчиња, напукнати ѕидови и подови, ѓумбе и дрва за огрев ги дочекаа првачињата во основните училишта “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“, кои посетуваат настава во училниците кај Техничкото училиште.
Жедни преку вода Граѓаните и учениците од двете основни училишта во центарот на градот, за да се напијат вода од јавната чешма, мора да прескокнат вир со вода.
Во август се случиле 63 сообраќајки Во кумановско во текот на август годинава, регистрирани се 63 сообраќајни несреќи во кои нема жртви.
Во тек се уписите за странски јазици во “Лингва плус“ Во тек се уписите во школата за странски јазици “Лингва плус“ за изучување на англиски, француски, италијански, германски и турски јазик.
Дамјановски ќе менува и раководители на сектори? По разрешувањето на повеќето директори во јавните претпријатија, градоначалникот Зоран Дамјановски најави смени и на раководителите на сектори.
Пет улици и Стари Лозја без вода Од јавното претпријатие “Водовод“ информираат дека утрово вода нема на пет улици во градот и во населба Стари Лозја.
Граѓаните на “Вараждинска“ не го даваат зеленилото Граѓаните кои живеат на улица “Вараждинска“, бараат од локалната самоуправа да ја повлече одлуката за изградба на стамбени објекти на зелената површина во близина на нивните куќи.