Петнаесет ученици и две професорки од економското училиште “Перо Наков“, минатиот месец престојуваа во сродни училишта во Гренада, Шпанија, каде се стекнале со практични знаења од областа на маркетингот.
Во рамки на Недела на имунизација, денеска вакцина ќе примат децата од липковското село Гошинце, а во четврток мобилни екипи ќе вакцинираат деца во населба Средорек.
Истражен судија од Основниот суд Куманово му одреди притвор од траење од 30 дена на А.А.(37) од Куманово, кој пукаше во М.З.(27) во месноста викана Менкова колиба.
Центарот за игра и едукација на деца “Сонце и ѕвезди“ е првата детска градинака во градот, која за деца од сите возрасти нуди: месечно згрижување, престој од час, игра, дружење и организирање...
Македонски железници и Министерството за транспорт и врски со европски пари, планираат да ја реконструираат пругата од Куманово до селото Дељаровци во должина од 17 километри.
По повод Денот на планинарите - 21 април, викендов планинари од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ ќе го посетат планинарскиот дом “Појак Калман“ во село Дејловце и опсерваторијата Кокино.
Членовите на Здружението за грижи и воспитување на децата Куманово за Велигден ќе ја посетат “Порака наша“ и Дневниот центар кај Чик за да им поделат велигденски јајца на децата со посебни...
Членовите на извидничкиот одред “Скаут“ се подготвуваат за традиционалниот републички натпревар за извидници, кој ќе се оддржи на 10 мај во селото Пелинце.
Седмооделенци од ОУ “Крсте Мисирков“ во соработка со Здружение за грижи и воспитување на децата Кумново, денеска организираа презентација за историските споменици и локалитети во Куманово и околината.