Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 19 август (недела), првиот ден на Рамазан Бајрам е државен празник. Бидејќи празникот е во недела,наредниот ден, односно понеделник,...
Јубилејната, десета ликовна колонија „Карпино 2012„ вчера беше свечено затворена. Учество зедоа 17 докажани уметници од Бугарија, Србија и Македонија, кои создадоа над 35 дела.
Невработените преку Агенцијата за вработување можат да следат обука за странски јазик или за дефицитарни струки како што се агрозаварувачи, сметководители, угостители и други занимања.
Во рамки на традиционалната манифестација “Малешевијата на дланка“ од 25 до 29 август во Берово ќе бидат изложени кумановски носии од “Етно шоп Беба“. Настанот ќе помине во знакот на фоколорот и...
Од следниот месец невладината организација “Врама Си“ продолжува со едукативните работилници наменети за децата со послаб успех. Како и досега ќе бидат опфатени децата од предучилишна возраст и децата од шесто до...
“Фото салон Куманово“ е насловот на меѓународната изложба на фотографии која наесен ќе се оддржи во Куманово. Во септември судии од Турција, БИХ и Србија ќе ги изберат најдобрите фотографии.