Советниците на Демократската партија на Србите во Македонија, бараат да бидат дел од координативното тело, кое заседава пред секоја седница на Совет, бидејќи таму присуствувале и нивни колеги со помал број на...
144 пара женски обувки со лого на трговската марка D&G, откриени се при контрола на камион пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат.
Вечерва заврна дожд во Куманово, по речиси два месеци суша. Дождот започна да паѓа околу 20 часот, проследен со умерен ветар, грмежи и електрични празнења.
Ноќеска на раскрсницата на улиците „Моша Пијаде„ и „Октомвриска Револуција„, автомобил алфа-ромео со кумановски регистарски таблички, удрил во електричен столб при што едно лице е тешко повредно, а друго поминало со полесни...
Денеска започна наставата и за учениците Македонци од ОУ „Битолски конгрес„, во селото Лопате,, кои три дена ја бојкотираа, поради тоа што група ученици од албанска националност истепа нивни соученици.
Завршната конференција на проектот "Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење на единиците на локална самоуправа", денеска се одржа во Куманово.
Околу 100 жртви на семејно насилство од регионот се јавиле на СОС телефонот на Женскиот центар во Куманово, како дел од проектот „Заедно против семејно насилство„ што се спроведуваше во изминатите 9...
Околу 5000 пензионери од Куманово, наскоро, еден ден во неделата ќе добијат бесплатен превоз во градските автобуси. Тоа најверојатно ќе биде секој четврток, затоа што тогаш е пазарен ден во градот.
Министерството за образование и наука информира дека од утре, во сите јавни основни и средни училишта во државата, наставата продолжува да се одвива редовно.
Здружението на пензионерите Куманово денеска одржа свечена седница, по повод 65 гошниот јубилеј од постоењето. Во Младинскиот културен центар "Козјак", пред присутните зборуваше претседателот на здружението, Спирко Николовски.
Над 70 пожари на отворен простор се регистрирани од почетокот на месецот септември во општините Куманово, Старо нагоричане и Липково. Од противпожарната единица Куманово велат дека во просек интервенираат од пет до...
Учениците Македонци од ОУ „Битолски конгерс„ во селото Лопате, денеска ја бојкотираа наставата, поради тоа што вчера биле истепани три нивни соученика, од ученици Албанци.
Планинарскиот дом во селото Малотино и околу 15 објекти, главно куќи, плевни и помошни простории, изгореа во големиот пожат што веќе втор ден беснее на планината Козјак, на македонско-српската граница.