Пријавување данок до 15 март Граѓаните што во текот на минатата година оствариле приход по основа на закупнини, дивиденди, камати, продажба на хартии од вредност, добивки од игри на среќа, лични примања од странство, како и лични примања од дипломатски претставништва и слично, треба да поднесат годишна даночна пријава најдоцна до 15 март оваа година.
Ајдучка чешма без вода Поради интервенција на водоводната мрежа, денеска прекин во снабдувањето со вода ќе има во населбата Ајдучка Чешма.
Oграбена продавачка на трафика Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Ш.(21) од Куманово за сторено кривично дело „разбојништво“.
Се заканувал на сведок да смени судски исказ Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Куманово за сторено кривично дело „незаконито влијание на сведоци“.
Водовод ги санираше дефектите на главниот вод ЈП „Водовод„ во изминатиот период работеше на санирање на последиците од дефектите на водоводната мрежа што за време на новогодишните празници предивикаа прекин на водоснабдувањето во градот.
Црвенковски утре кај стечајците Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски утре ќе ги посети стечајните работници, кои веќе 2,5 месеци штрајкуваат во просториите на поранешен Комитет.
Пријава за надриписарство Кумановската полиција поднесе посебен извештај против Д.С. (37) од село Младо Нагоричане за сторено кривично дело надриписарство.
Во „Гарнизон“ откриена фалсификувана облека Текстилна стока во вредност од 40 илјади евра, денеска е запленета во дуќаните во трговскиот центар „Гарнизон„ во Куманово. Фармерки, кошули, маици и тренерки фалсификат на познатите трговски марки Долче Габана, Армани, Ла Коста, Адидас, Пума и Левис, биле одземени од Кординативното тело за интелектуална сопственост во соработка со полицијата.
Куманово ќе се збратими со Кампина На иницијатива на романскиот амбасадор, Куманово ќе започне културна и економска соработка со градот Кампина во Романија.
Општинската каса испразнета за 250 илјади евра Министерството за финансии вчера ја блокирало сметката на Општината Куманово и повлекло 14 милиони денари за отплаќање на рата од кредитот на Европска банка кои ЈП „Водовод“, ги потроши за реализација на програмата МЕАП.
Годинава три премиери во Кумановскиот театар Три театарски проекти ќе бидат финасирани од Министерството за култура во новата сезона на НУЦК "Трајко Прокопиев„. Во театарот веќе започнале подготовките на првата претстава.
СВР: Граѓаните да ги проверат документите на шалтер, пред сликање за лична карта СВР Куманово ги известува граѓаните на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, кои добиле термини за фотографирање за лични карти, предходно да извршат проверка на потребните документи во Одделението за управни работи.
Го расекол со нож зашто се скарал со чичко му Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Ш.(24) од Куманово за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Пожар во маркетот Адриатик Во супермаркетот Адриатику, на улицата „Владимир Назор“, вчера во два часот по полноќ избувнал голем пожар. Пожарот го забележал чуварот што го обезбедувал објектот и веднаш ја повикал противпожарната служба.
Три улици во градот без вода На три улици во градот денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето. Улицата „Гоце Делчев„ ќе добие нова водоводна мрежа и поради новиот приклучок во периодот од 10 до 17 часот, тој дел од градот ќе остане без вода.
Три години затвор за поседување оружје Во Основниот суд во Куманово, денеска на три години затвор е осуден Хаки Исени (35) од селото Слупчане, Липковско за сторено кривично дело недозволено поседување оружје.