Тројца патници повредени во сообраќајна незгода Тројца патници се здобиле со повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атарот на село Ругинце, кумановско.
„Лидл“ купи земјиште за 5,3 милиони евра во индустриската зона Речица во Куманово Германската компанија „Лидл“ ја купи парцелата во индустриската зона Речица покрај автопатот Куманово-Табановце, за изградба на логистички дистрибутивен центар во државата.
Основен суд Куманово има само 18 од потребните 34 судии, годината може да ја заврши како неажурен Записникот од надзорот на Основен суд Куманово покажува дека заедно со претседателката во него работат само 18 судии, а по систематизација потребни се 34. Истовремено, недостасуваат и информатичари и архивари, компјутери, принтери и слично.
Приведен кратовец и пратен на издржување затворска казна Полициски службеници од ОВР Кратово вчера го лишиле од слобода кратовецот Д.М.(38).
Кривична пријава за кријумчарење мигранти на автопатот Скопје – Куманово Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Одбележана 24-годишнината од формирањето на Бригадата на Југосточна Европа (СИБРИГ) во Куманово -видео Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, денеска, се одржа свечена церемонија по повод 24-годишнината од формирањето на СИБРИГ-Бригадата на Југосточна Европа.
Куманово аплицираше со четири проекти за 1,8 милиони евра за подобрување на водоводната и комунална инфраструктура Општина Куманово поднела четири проекти до Министерството за животна средина и просторно планирање, за подобрување на водоводната инфраструктура, во рамките на заемот од Европската инвестициона банка, кој ќе се отплаќа од државниот буџет.
Синоќа се одржа премиера на претставата „Црвенкапа“ Кумановскиот театар синоќа премиерно ја изведе претставата „Црвенкапа“ во режија на Бојана Краљевска.
Општината ќе постави унифицирани автобуски постојки во Куманово На јавен оглас ќе се бира фирма која ќе изработи и постави 32 унифицирани автобуски постојки во градот.
Со пензијата за август се враќа редовниот начин на исплата - нема веќе предвремени пензии Со исплата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата на 1-ви во месецот, наместо предвремената исплата на пензијата, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Казнети 29 возачи за пребрзо возење во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово вчера спроведоа контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Советот даде согласност да се запишат поголем број на деца во Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово Со 22 гласа „за“ и 7 „против“, советниците во Советот на Општина Куманово дадоа согласност на Детската градинка„ Ангел Шајче“ да прими поголем број на деца во воспитните групи од предвиденото.
Се запали возило на Брза помош во Куманово при транспорт на пациент од Скопје Возило на Брза помош, на Здравствен дом Куманово, се запали претпладнево на улицата „Тоде Мендол“ додека се враќало со пациент од Скопје. Возачот и пациентот не се повредени.
Бензинот поевтинува, дизелот и нафтата за домаќинствата поскапуваат Вечерва по полноќ ќе има мало поевтинување на бензините и покачување на цената на дизел горивото, на нафтата за домаќинствата, како и на мазутот.
Одговорност за двете свирепи убиства во Куманово, бара Левица Партијата Левица - огранок Куманово побара одговори и одговорност од Основниот суд во Куманово, ОЈО Куманово и Министерството за труд и социјална политика, зошто не ги заштитиле двете жени, кои беа убиени во Куманово.
Претрес во Куманово, пронајдено оружје, одреден притвор на сопственикот Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е. (42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по чл.396 од КЗ.