Заврши колонијата „Сликарски конак Грација 2023“ во Куманово Дваесетина дела се изработени на втората меѓународна колонија „Сликарски конак Грација 2023“, која се одржа минатата недела во Куманово.
Објектите на "Аџитепе" станаа општинска сопственост, се чека одговор за пистата Пред два месеци Општина Куманово ги добила во владение објектите на спортскиот аеродром Аџитепе, а поднесено е барање и за аеродромската писта, по што општината ќе може целосно да менаџира со овој значаен спортски инфраструктурен објект.
Марија Миљуш - Божурска новa директорка на Кумановскиот музеј Марија Миљуш - Божурска е нова директорка на НУ Музеј Куманово.
Без струја повеќе кумановски села Поради планирани прекини во дистрибутивниот систем денеска без електрична енергија ќе останат повеќе кумановски села.
Голема посетеност на презентацијата на армиските воздухоплови, возила и опрема на „Аџитепе“ Голем број на граѓани од Куманово и околните градови, денеска имаа можност одблиску да видат дел од воздухопловите, возилата и опремата кои ќе бидат дел од вежбата „Брз одговор 23“.
Во Куманово се одржа втората изложба на мини модели на автомобили По успехот од минатата година, овојпат, во фоаjето на Центарот за култура синоќа се одржа втората изложба на минијатурни модели на автомобили која ја организираше клубот „Die-Cast“ од Куманово.
Хеликоптери и воена опрема на војските на Македонија и САД можат да се видат на аеродромот Аџитепе На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово денеска од 11 до 14 часот, граѓаните ќе имаат можност да видат дел од од воздухопловите, воените возила и опремата на војските на Македонија и на САД, кои се користат на меѓународната воена вежба „Брз одговор 23“.
Куманово станува галерија на отворено, се одржа петтото издание на „Графити фест“ Двесетина уметници од регионот учествуваа на убилејното издание на манифестацијата „Графити фест“, која вчера се одржа во Куманово.
Судот во Стразбур пресуди државата да ѝ плати 1.600 евра на Доцевска-Божиновска, и биле прекршени правата при изрекувањето притвор на 27 април Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска-Божиновска ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017 година.
Весна Трајковска е нов секретар на СДСМ Куманово По изборот на новото партиско раководство, Извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Куманово на својата прва работна седница ги избра Весна Трајковска за секретар, Виктор Божурски за организациски секретар, Александар Митрички останува портпарол на партијата и Драган Петровски е назначен за претседател на надзорниот одбор.
Изложба на воени воздохоплови и опрема на аеродромот Аџитепе во Куманово На спортскиот аеродром „Аџитепе” – Куманово, во недела од 11 до 14 часот ќе се одржи изложба и презентација на воени возила и опрема во организација на АРМ, во соработка со Амбасадата на САД и Општина Куманово.
Гордана Грговска нов директор на ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово Гордана Грговска, наставник по одделенска настава е нов в.д. директор на Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Запознајте го тимот за човечки ресурси во „Флекс Кредит“ Одделот за човечки ресурси е еден од клучните сектори кој што потпомага при реализација на компаниската стратегија за раст и развој и е составен дел на секоја современа организација.
„Графити Фест“ утре по петти пат во Куманово Здружението за ликовна уметност „Форма“ од Куманово утре по петти пат го организира „Графити фест“. На фестивалот ќе учествуваат 20-тина уметници од Македонија, по двајца од Србија и Бугарија и по еден од Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција и Словенија.
Ревија на матурски фустани низ времето во Музеј Куманово (видео) Педесетина модели на матурски фустани од 60-тите години на минатиот век па до денес, имаа можност да ги видат посетителите на модната ревија „Матурска рапсодија“ на авторката м-р Анита Стојчевски, која синоќа се одржа во лапидариумот на НУ Музеј Куманово.
Маскиран и вооружен разбојник ограбил вработена во финансиско друштво, Кумановското обвинителството бара притвор Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник, за кого постои основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.