×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еднократна парична помош не им следува на пензионерите, велат од општината и кумановското здружение

    Еднократна парична помош не им следува на пензионерите, велат од општината и кумановското здружение

    Пензионерите во последните неколку дена навалија на шалтерите на Општина Куманово и во просториите на Здружението на пензионери за да се распрашаат кои документи се потребни за да добијат еднократна парична помош,која наводно им следува на пензионерите со ниски примања. Од здружението и од Одделението за социјална заштита на Општина Куманово ја демантираа ова вест и нагласија дека ваквата еднократна парична помош од 6.000 ден воопшто не е предвидена во општинскиот буџет за и е чиста шпекулација. Еднократна парична помош општината доделува на социјално загрозените , но тоа е по строги,пропишани критериуми и може да се земе еднаш во годината.

    Проблемите во обазованието не се решаваат со прес конференции, одговорија од СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    Проблемите во обазованието не се решаваат со прес конференции, одговорија од СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    Лицемерно е што за проблеми во образованието прашањето го поставува токму онаа партија која додека беше централна власт во Куманово не вложи ниту еден денар во образованиотпроцес. Да не заборавиме дека во нивно време наставникот беше деградиран и понижен, а на товар на учениците  беше небулозното екстерно тестирање, одговорија од кумановскиот СДСМ на прозивките што ги произнесе ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешната прес конференција.

    Интерактивни работилници за идните мајки во Општата болница Куманово

    Интерактивни работилници за идните мајки во Општата болница Куманово

    Во Општата болница Куманово започнува со работа   Роса школа за родителство. Школата вклучува   интерактивни работилници за психофизичка подготовка на бремените жени, кои ќе ги водат искусни акушерки,лекари,психолози и физиотерапевти.  Тие на идните мајки ќе им го објаснат чинот на раѓање-физиологијата, но и психологијата, што да очекуваат и како да се изборат со инстинктивниот страв кога ќе дојдат до породување.

    Исплатени субвенциите за млеко

    Исплатени субвенциите за млеко

    Денеска на сметките на 5.851 млекопроизводители се исплатени вкупно 89.455.245,00 денари за мерката 2.3, која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко, информира  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

    Без сериозен пристап кон африканската чума, ќе дојде до целосно истребување на свињите, вели Трипуновски

    Без сериозен пристап кон африканската чума, ќе дојде до целосно истребување на свињите, вели Трипуновски

     Ако се земе предвид  дека свињарството е широко распространета сточарска гранка  и значајна за производителите од нашата држава, Владата треба да ги стави на располагање сите материјално-технички средства и со еден сериозен и навремен пристап да се локализираат жариштата што сега ги имаме. Ако продолжи ваквата ситуација постои опасност да дојде до целосно истребување на свињите, истакна  на прес конференција Цветан Трипуновски,член на Републичката комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, кој присуствуваше  во Куманово на „Денови на медот“ , по покана на Пчеларското здужение „Пчела“.

    Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“ во Кумановскиот музеј

    Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“ во Кумановскиот музеј

    Во просториите на Музеј Куманово утре во 12 часот ќе биде поставена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

    Кој ќе понесе одговорност за сите недоследности и проблеми во образованието, праша ВМРО-ДПМНЕ

    Кој ќе понесе одговорност за сите недоследности и проблеми во образованието, праша ВМРО-ДПМНЕ

    До каде сте со печатењето на учебниците за основно и средно образование? Учебната година отпочна одамна, но Вие, како по обичај и овојпат создадовте хаотични и безизлезни состојби во образованието.