Седница на Советот на Општина Куманово, на дневен ред 19 точки Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи редовна седница, прва во оваа година. На дневен ред се 19 точки, а советниците ќе расправаат за програмата за раброта на советот, годишни вработувања, стратегија за рурален развој, одржување на јавните патишта и др.
Во угостителски објекти констатирани 8 прекршоци, три во Куманово Ноќеска од полноќ до 4 часот, полицијата во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и УЈП, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во осум градови на 185 локации.
Нема незаконско работење, се игра „валкано“ за да се дискредитира актуелното раководство, тврдат од Здружението на пензионери Нема неосновано, ниту незаконско зголемување на надоместокот за претседателот, потпретседателот и секретарот на Здружението на пензионери Куманово, туку „булдожер“ играчи го расчитуваат теренот за лица од сенка дојдат на местото на сегашното раководство, тврди Гордица Бошковска, секретар на здружението, по обвинувањата на неколку членови дека се прават злоупотреби во нивното работење.
Отворена изложбата на скутини во Центарот за култура во Куманово Мултимедијалната изложба „Скутина, фота, бовча, диљка“ од етнокореологот Бојан Петковски може да се види во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Одбележан празникот „Свети Сава“ во Куманово Сo Свечена академија во организација на Српски културен центар, синоќа во Занаетчискиот дом во Куманово, заврши одбележувањето на празникот „Свети Сава“, национален празник на Србите во Македонија.
„Куманово-гас“ ја намали цената на гасот од 90 на 60 денари ЈП „Куманово Гас“ од први февруари гасот ќе го продава по пониска цена, наместо досегашните 90 денари за киловат час новата цена ќе биде 65 денари. Намалувањето од 30 отсто се должи на падот на цената на светските берзи.
Детска ликовна колонија се одржува во училиштето „11 Октомври“ Здружението за култура, заштита и унапредување на животната средина „Натуро“ Куманово, организира детска ликовна колонија во Основното училиште „11 Октомври“ во Куманово.
Приведен кумановец, украл предмети вредни близу 20.000 евра Полициски службеници од СВР Куманово денеска попладне привеле 33-годишен кумановец, затоа што се сомничи дека извршил кражба во магацин на "Октомвриска револуција".
Две кумановки се првите среќни добитнички на наградите на „Руле-Турс“ Лилјана Ѓуревска и Азра Јунузи од Куманово се првите добитнички на наградите за редовните патници што ги доделува компанијата за домашен и меѓународен патнички превоз „Руле - Tурс“ од Скопје.
Учениците во „Крсте“ и „Браќа“ следат настава со скратени часови во поплавени училници и без струја Учениците и наставниците во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово работат во несоодветни услови, поради тоа што протекува кровот на училишната зграда.
Во „Светозар Марковиќ“ одбележан училишниот празник „Свети Сава“ Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во селото Старо Нагоричане денеска беше одбележан училиштиот прзник „Свети Сава“, кој воедно е национален празник на Србите во Македонија.
Светосавска академија по повод националниот празник на Србите Во Занаетчискиот дом во Куманово утре (четврток) со почеток од 19 часот ќе се одржи свечена академија по повод „Св.Сава“ државниот празник на Србите во Македонија, во организација на Српската заедница во Куманово.
„Руле - Турс„ организира попусти и изненадувања за своите редовни патници Компанијата за домашен и меѓународен патнички превоз „Руле - Tурс“ од Скопје, подготвува големи попусти и изненадувања за своите редовни патници и клиенти.
Загина велосипедист откако во него удри автомобил на „Октомвриска“ Седумдесет годишен велосипедист им подлегнал на повредите, откако вчера бил удрен од автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Несреќата се случила околу 14 часот, а возачот побегнал од местото.
Првите луѓе на кумановските пензионери си исплаќале повисоки хонорари, обвинија нивни колеги Претседателот, потпретседателот и секретарот на Здружението на пензионери Куманово (ЗПК) ја злоупотребиле функцијата и си исплаќале повисоки хонорари за нивниот ангажман, обвинија денеска на прес-конференција членови на Собранието на пензионери.
„Огнената“ група на ДУИ одржа средба со подржувачите во Куманово Членови на високото партиско раководство на ДУИ, т.н. „огнена група“ синоќа се сретна со своите подржувачи и граѓаните на Куманово.