Ќе се реконструира училиштето во Љубодраг Оваа недела ќе започне реконструкцијата и училишната зграда на подрачното основно училиште „Карпош“ во кумановското село Љубодраг.
„Обичната Ели“ во режија на Лавинија Софрониевска најдобар домашен филм на Фестивалот „ФИЛМАЈ“ Познати добитниците на наградите на Фестивалот „ФИЛМАЈ“, кратките филмови ќе бидат прикажани пред публиката на 2 јуни во Куманово
Српски државјани повредени во сообраќајка на автопатот кај Романовце Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на селото Романовце.
За 5 часа откриени 25 возачи во алкохолизирана состојба На подрачјето на СВР Куманово, вчера од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 25 прекршители на законот.
„Полицијата во служба на граѓаните“-свеченост во Крива Паланка за Денот на полицијата Под мотото „МВР за граѓаните“, денеска, на Градскиот стадион во Крива Паланка се одржа свеченост по повод Денот на македонската полиција- 7 Мај, со која се демонстрираше концептот „Полицијата во служба на граѓаните“.
За да се заштитат од крадци граѓаните да не се фалат на социјалните мрежи каде патуваат, апелира Кумановската полиција Во пресрет на Првомајските празници граѓаните да внимаваат што објавуваат на социјалните мрежи и да не са фалат каде ќе патуваат на празничниот викенд, да не им дадат повод на крадците да ги посетат додека не се дома.
Jавните претпријатија ја добија механизацијата за која Општина Куманово се задолжи милион евра Пристигна дел од техничката помош во механизација за јавните претпријатија „Водовод“, „Куманово Гас“ и „Чистота и зеленило“, за коишто Општина Куманово пред 1,5 година зема кредит од Светската банка за обнова и развој.
Димитриевски најавува изградба на споменик на бранителите во Куманово Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР кои загинаа во вооружениот напад во населбата Диво Насеље во 2015 година во Куманово.
Учениците од утре се враќаат на настава, штрајкот во образованието ставен во мирување Учениците од утре продолжуваат со настава, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става штрајкот во мирување. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решевање на работните спорови.
Промовиран романот „Теофил Kоњокрадец“ на Милош Стаменковиќ Во присуство на голем број на кумановци, претставници од културниот и општествениот живот, луѓе од власта и опозицијата, на еден неформален начин, синоќа во Центарот за култура беше промовиран новиот роман „Теофил Коњокрадец“ на кумановецот Милош Стаменковиќ.
На 6 мај „Генералка викенд“ во Куманово Општина Куманово се приклучува кон акцијата „Генералка викенд“, која ќе се организира на 6 мај.
Следува продолжен викенд - понеделник, 2 мај неработен ден Први мај - Денот на трудот (недела), односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Кумановоњуз - 14 години професионално информирање Кумановоњуз цели 14 години успешно ја гради довербата кај својата публика и во континуитет настојува да понуди нови атрактивни содржини од јавен интерес. Во фокусот секогаш ги ставаме нашите граѓани и нивните проблеми и предизвици со кои се соочуваат, бараме одговори од надлежните институции и градиме локална заедница со нашите читатели.
Кумановските гимназијалци преку онлајн радио ќе се поврзат со своите врсници од европските земји Учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово работат на идејата за креирање на интернационално онлајн радио, кое ќе ги поврзува врсниците од повеќе земји и ќе служи за размена на искуства и информации за проблемите и приоритетите на младите.
Премиера на претставата „12 Гневни“ во Центарот на култура во Куманово На сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утревечер во 20 часот премиерно ќе биде одиграна претставата „12 Гневни“, по текст на Реџиналд Роуз, во режија на Ирена Стеријовска, а во изведба на актерска екипа на Театар Куманово.
Комисијата за заразни болести препорачува укинување на сите ковид мерки, освен носење маски во здравствени установи и јавен превоз Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.