Владата бара кризната состојба за снабдување со струја да продолжи до јуни Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја за дополнителни 6 месеци, односно до 9 јуни. Предлог-одлуката ќе биде доставена на усвојување до Собранието.
Откриени неправилности кај 4 возила кои вршат јавен превоз на патници во Куманово При денешната контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници во Куманово, кај четири од нив се откриени непревилности на светлосната сигнализација и недостаци на опрема. Со акцијата биле опфатени 18 возила на приватните превозници.
Нови 13 заразени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 410 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.674 тестирања.
Полицаец на Табановце суспендиран од работа - пропуштил патник со невалиден ПЦР тест Полициски службеник вработен на граничниот премин Табановце, отстранет е од работното место и отворена е дисциплинска постапка, затоа што пуштил патник да влезе во државата, без да поседувал валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација.
Димитар Ковачевски поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој најави дека една од неговите заложби ќе биде враќање на единството во партијата, ефикасноста и одговорноста и посветеноста на подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека неговата програма „Заедно одговорно, посветено, се базира на три клучни столба.
Кумановец измамен за 1000 евра - му ветиле злато по пониска цена Две лица измамиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра, откако му ветиле дека ќе му продадат злато по пониска цена.
Во Куманово ќе се отвори Почесен конзулат на Србија, Владимир Стајиќ почесен конзул Владата ќе отвори Почесен конзулат на Србија во Македонија со седиште во Куманово. За почесен конзул Владата го назначи Владимир Стајиќ.
Еден починат и уште 15 новозаболени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19.
Се забранува употребата на пластични кеси Од утре стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, соопштува Министерството за животна средина и просторно планирање.
Кумановски театар ја подготвува претставата „Волкот и трите прасиња“ Во театар Куманово во тек се подготовките на новата детска тетарска претстава „Волкот и трите прасиња“. Премиерата треба да се случи во средината на декември, а ќе се одигра во Занаетчиски дом.
Без вода „Никола Тесла“ и уште неколку улици во градот Поради интервенции на водоводна мрежа без вода се потрошувачите на неколку улици во градот.
54 кумановци возеле пребрзо, петмина пијани и четворица без возачка дозвола Во текот на викендот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи.
Еден починат и еден нов случај на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.
Нема нови рестриктивни мерки, затворањето на границите нема да го спречи Oмикрон сојот, вели Филипче Некаква рестрикција во однос на затворање на граници и карантин за патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект во заштитата на новиот сој на ковид-19, омикрон, кој за првпат беше детектиран пред една недела во јужна Африка и веќе се прошири во неколку европски земји, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Бензинот поевтинува за половина денар, дизелот останува со иста цена Бензинот од 95 и 98 октани, како и нафтата за домаќинствата од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена пониска за 0,5 денари по литар. Цената на дизел горивото останува по иста цена. Само мазутот ќе поскапи.
Ловџија повреден на лов во Матејче Во СВР Куманово, вчера во 14.35 часот било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково.