„За наше Куманово“ ја утврди независната советничка листа - носителка Ивана Ѓорѓиевска Ивана Ѓорѓиевска е носителка на независната листа за советници во Советот на Општина Куманово на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Ѓорѓиевска филолог по општа и компаративна книжевност, вработена како помошник директорка во Основното училиште „Кочо Рацин“.
Попишувањето продолжува со нормален интензитет, велат од Државниот завод за статистика Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо и го поттикнува населението со доверба да ги примат попишувачите во нивните домови и да ги дадат потребните податоци, а сè со цел успешнареализација на овој статистички процес.
Составена независната листа на советници на „Фронт“ - носител Милош Стаменковиќ Милош Стаменковиќ е носител на листата за советници во Советот на Општина Куманово на граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ за локалните избори. Стаменковиќ е писател.
Познати кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата - носителка Елена Доцевска Божиновска Елена Доцевска Божиновска е носителка на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за Советот на Општина Куманово на престојните локални избори. Доцевски е дипломиран правник со положен правосуден испит, раководител на Одделение за библиотека во Собранието на РМ.
Готова листата на советници на СДСМ и коалицијата во Куманово - носителка Атина Мургашанска Листата на советници на СДСМ во Советот на Општина Куманово на престојните локални избори ќе ја предводи Атина Мургашанска. Мургашанска е дипломиран правник, досегашна претседателка на Советот на Општина Куманово и истакната членка во извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.
Тројца починати од коронавирус во Куманово на 34, 53 и 57 години Во последните 24 часа регистрирани се 577 нови случаи на ковид-19, а направени се 5.362 тестирања.
Министерот Филипче и заменик-министерот Хасани поднесоа оставки Министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесоа оставки од функциите, по катастрофалниот пожар во ковид центарот во Тетовската болница во кој загинаа 14 лица.
Кумановецот Дејвид Стоилковски автор на муралот на Блаже Конески во Скопје Сакав да укажам дека како народ сме биле силни и истрајни, но допрва треба да истраеме и да ја негуваме нашата традиција, вели Стоилковски, автор на муралот посветен на Блаже Конески
Заврши Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2021“ Единаесет ликовни уметници од Македонија и Србија учествуваа на Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“, која шест дена траеше во комплексот „Грација“ во Куманово. Колонијата по 19. пат ја организираше Мултимедијалниот центар „Карпино“, а уметниците твореа на слободна тема, иако за поголем дел од нив инспирација беше Карпинскиот манастир.
Тројца починати и 32 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 256 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.778 тестирања.
Интервју со д-р Пол Ајдсон: Преку Еуро Колеџ до американска диплома Д-р Пол Ајдсон претседател на Аполос Универзитетот од САД престојуваше во Македонија во посета на Еуро Колеџ – Куманово каде ги претстави предностите од соработката помеѓу овие две образовни институции и можностите за македонските студенти да студираат и да завршат студии во САД.
Откриени фалсификувани ПЦР тестови на Табановце и на Скопскиот аеродром Полициските службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Почина Добривоје Стошиќ, професор по српски јазик во пензија На 84-годишна возраст вчера почина Добривоје Стошиќ, професор по српски јазик и книжевност во пензија и долгогодишен и посветен активист на српската заедница во Македонија.
-15% попуст на апсолутно се`...и на веќе намалените производи - во сите dm дрогерии од 9.9 до 12.9.2021 Кога станува збор за успешно одговарање на потребите и желбите на потрошувачите – dm дрогериите несомнено дека ги поставуваат стандардите за успех!
14 загинати и 12 повредени во пожарот во тетовскиот ковид-центар Вкупно 14 лица загинаа, а 12 се на лекување во Тетовската болница и се надвор од животна опасност, во вчерашниот пожар во модуларниот Ковид-центар во Тетово, соопшти Министерството за здравство.
„Безбедно детство“ - мото на показната вежба на општинските служби По повод Денот на независноста, по седмипат во Куманово се одржа показна вежба на службите кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните. Манифестацијата ја организира СВР Куманово, во соработка со Црвен крст, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица Куманово.