Управата за водење на матични книги се сели во Бедиње Канцеларијата на Управата за водење на матични книги во Куманово, од понеделник се сели во нови простории, во барака во кругот на поранешната касарна на АРМ, во населбата Бедиње.
Советот ќе расправа за ослободување на угостителите од комунална такса за терасите додека трае коронакризата Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 9 точки, меѓу кои финансиското работење на јавните претпријатија „Куманово-план“ и „Пазариште“.
Мисајловски: Куманово ќе биде предводник на огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ Носителот на листа на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Втората изборна единица, Владо Мисајловски , вечерва најави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе започне од Куманово. Тој ги повика граѓаните масовно да гласаат на 15 јули, а притоа вети дека во новата извршна власт ќе се најдат многу кумановци.
Десет новозаболени од коронавирус во Куманово Сите нови 10 случаи на коронавирус регистрирани во изминатото деноноќие се` од Куманово.
До крајот на мандатот, минамалната плата ќе биде 20.000 денари, а просечната 34.000 денари, вели Тасевска На денешната прес-конференција, кандидатот за пратеник Лидија Тасевска посочи дека СДСМ ќе гради нова развојна еконимија, во која ќе растат платите и пензиите и ќе се отворат нови работни места.
Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП во посета на Куманово Организацискиот секретар на НСДП и шеф на Централниот изборен штаб, Кристијан Трајковски, вчера одржа работен состанок со членовите на општинскиот изборен штаб на партијата во Куманово.
Топол бран до петок, заладување во недела Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови времето ќе биде сончево многу топло и стабилно.
Горивата поскапуваат за половина денар по литар Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.
Петрушевски: Со реални проекти и идеи ќе ги решеваме проблемите на граѓаните Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и кандидатот за пратеник во Изборната единица 2, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ја презентираше програмата на ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“, за која како што вели тој за нив претставува завет.
Кај пациент од Куманово се утврдува дали пак му се вратил вирусот Во следните денови ќе се знае дали кај пациент од Куманово кој прележал ковид-19 повторно му се вратила болеста, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Пронајдени 10 мигранти кај железничката пруга во Табановце На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, вчера во 19.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Сопот го привеле Ф.Ш.(36) од Штип, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти.
Се чистат речните корита на реките Којнарка и Кумановка АД Водостопанство Куманово, подружница „Кумановско-липковско поле“, во соработка со Општината, минатата недела дена започна со чистење на речните корита на реките Којнарка и Кумановка.
Седум нови случаи на коронавирус во Куманово, еден во Липково Во последното деноноќие регистрирани се осум нови случаи на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 7 се во Куманово и еден во Липково.
Спасовски: „Можеме“ е сигурна грижа за сите, повисоки плати и пензии и напред по правиот пат Куманово доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а спроти овој модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ е Спортската сала којашто во новиот мандат ќе ја реконструираме, рече носителот од СДСМ во ИЕ2 Оливер Спасовски.
Коронакризата го зголеми бројот на разводи во Куманово - нетрпеливоста најчеста причина Зголемен е бројот на бракоразводни постапки за време на коронавирусот во Куманово, во споредба со истиот период од минатата година.
Општина Куманово започна со дистрибуција на решенија за данок на имот и фирмарина Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, започна со дистрибуирање на даночните решенија за данок на имот за 2020 година. Решенијата се испратени по пошта и тоа за правни лица, физички лица и комунална такса - фирмарина, како и опомени за неплатени сметки во 2019 година.