Уништен водопадот во Длабочица - наубавиот природен предел во Козјачијата, случајот пријавен во полиција Непознати лица со механизација го уништиле водопадот во селото Длабочица, Општина Старо Нагоричане, еден од најживописните и најзелени предели во Козјачието.
Предвидуваме сериозни инвестиции во индустриската зона во Куманово, порачаа Мисајловски и Петрушевски Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, денеска по средбата со граѓаните во Куманово, ја посети и индустриската зона Речица, за која кажа дека додека тој бил министер за транспорт и врски обезбедил инвестиција, но досега речиси ништо не е направено.
Кривични пријави за двајца кумановци, не седеле во самоизолација Кумановската полиција поднесе две кривични пријави против М.Д.(36) и А.М.(40), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Во Куманово 7 новозаболени од коронавирус, во Липково шестмина Вкупно 13 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово. Од нив 7 се во Куманоско и шестмина во Липково. По села во Оризаре-3, во Липоково-2 и еден во Слупчане.
Невладина организација продава кафе и сок на Градскиот кеј На Градскиот кеј во Куманово, поставена е куќичка - штанд за продажба на кафе, сладолед, освежителни пијалци, сок и вода.
Втора фаза од прскање против комарци во Куманово Општина Куманово во сабота ќе изврши втора терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.
Со грант од УСАИД ќе се реновира фискултурната сала во училиштето во Драгоманце Со средства добиени преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) ќе се обнови фискултурната мини сала во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце.
Експлозија на плинска боца предизвика пожар во семејна куќа Од експлозија на плинска боца предизвикан е пожар во семејна куќа во населбата Карпош. Експлозијата била предизвикана вчера околу 15 часот, а со брза интервенција на Противпожарната единица (ТППЕ), пожарот не се проширил.
Куманово е предводник на победи, така било во историјата така ќе биде и на овие избори, порача Спасовски Куманово секогаш било предводик на нови победи, така било низ историјата и во изборните пресврти и така ќе биде и на овие избори. Нека ни е со среќа на сите новиот чекор кон уште една, заедничка победа, порача носителот на листата на коалицијата на СДСМ во Втората изборна единица Оливер Спасовски од својот град, на почетокот на изборната кампања.
Државата ќе ја тужи германската фирма поради прекинување на изградбата на пругата Куманово-Бељаковце Државата ќе поведе спор против германската фирма „Вибе“, којашто ги изведуваше градежните активности на железничката пруга Куманово-Бељаковце - дел од Коридорот 8, а која минатата недела jа повлече механизацијата од градилиштето.
Четворица новозаболени и двајца починати од ковид-19 во Липково, два нови случаи во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 6 заразени од коронавирус. Четворица од Липково и двајца од Куманово. По села двајца во Лојане, по еден во Отља и Оризаре.
Спасовски и Сугаревски извршија увид во рехабилитацијата на патот Куманово-Страцин Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, денеска извршија увид на градежните работи на патниот правец Куманово-Страцин. Станува збор за делница долга 16,6 км, а вредност на проектот е 7,2 милиони денари.
Директорот на „Чистота“ си поднесе оставка Даниел Стојчевски си поднесе оставка на местото в.д. директор во ЈП „Чистота и Зеленило“.
15 јули е денот кога Македонија ќе се исправи и ќе возврати, порача кандидатот за пратеник Бране Петрушевски Денес официјално ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија заедно со народот ја започнува финалната битка за спас на Македонија од канџите на оваа ненародна власт во кои е заробена веќе три и пол години, порача Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во Втората изборна единица.
Се прoширува листата на дејности во кои може да се плаќа со домашна платежна картичка По реакцијата на Стопанската комора на Македонија и дел од бизнисите во одредени дејности кои не беа опфатени во Уредбата на дејности кои можат да се користат со домашната платежна картичка, листата е дополнета, објави министерката за финансии Нина Ангеловска.
Од 1 јули се отвораат аеродромите Двата аеродроми во државата ќе започнат со работа на 1 јули, одлучи Владата на денешната седница.