Во Tехничко училиште останаа 177 слободни места за настава на македонски и 193 на албански јазик Во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, оваа година во првиот уписен рок најголем интерес имало за насоките медицинска сестра и компјутерска техника и автоматика.
Без вода повеќе улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останата потрошувачите на повеќе улици во градот, а се врши и реконструкција на канализациона мрежа и на тротоари.
Денеска и утре без струја делови од Куманово и Старо Нагоричане Во текот на денешниот и утрешниот ден без струја ќе останат потрошувачите на повеќе села во Општина Старо Нагоричане и делови од Куманово.
Кумановци нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.И.(23) и Н.И.(53) двајцата од Куманово, бидејќи при постапување по претходна пријава за гласна музика истите физички нападнале полициски службеници.
Тринаесет новозаболени и двајца починати од кронавирус во Куманово и Липково Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира 13 новозаболени и две починати лица од КОВИД- 19. 11 од нив се од Куманово, двајца се од Липково.
Кабелските оператори денеска еден час ќе ја прекинат програмата Кабелските оператори во Куманово, заeдно со останатите во земјава, попладнево од 18.10 до 19.10 часот, ќе ги прекинат сите телевизиските канали вклучително и македонските (освен МТВ) во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.
Двајца новозаболени, еден починат и еден оздравен од коронавирус од Кумановско Еден новозаболен во Куманово, еден нозаболен и еден починат во Липково, е статистиката од изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Лажна е веста дека ги кршиме здравствените протоколи, злоупотребената фотографија е од крводарителска акција што се одржа лани, тврди пратеничката Трајковска Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Трајковска, ги отфрла обвинувањата на социјалните мрежи и на некои портали дека ги прекршила здравствените протоколи за носење на маска и социјална дистанца, и присуствувала на партиски состанок, со што го загрозила здравјето на сопартијците и на своите најблиски.
Кумановки помагаат и вдомуваат напуштени животни: Kучињата како и луѓето не сакаат да се бездомници Марина Петковска и Елвира Илиевска се активистки-волонтерки, кои секојдневно и неуморно се борат за подобар третман на бездомните животни во Куманово. Истрајни во својата намера дека секое животно заслужува поубав живот и дом, тие пред две години самоиницијативно ја формираат фејсбук групата „Ние за животните“, која стана место за правата на животните, за собирање донации за нивно лекување, како и место за нивно вдомување.
Се враќа старото работно време на угостителските објекти Владата на денешната седница донесе уредба за враќање на старото рабтотно време на угостителските објекти.
Регистрирани 156 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, 9 во Куманово, 2 во Липково Девет нови случаи во Куманово и два во Липково, се откриени се во изминатото деноноќие.
СДСМ: Силно вложуваме во здравството и здравствените работници Силно вложуваме во здравството и здравствените работници. Наследивме уништен здравствени систем, вложивме за да го застанеме на нозе. Го пуштивме во употреба новиот Ургентен центар во Куманово, рече на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, кандидат за пратеник од СДСМ, Куманово.
Пуштено во употреба детското катче во населбата Бавчи Пуштено во употреба детското катче во населбата Бавчи, спроти поранешен Туш маркет, кое претходно беше место на дива депонија.
Пoчина новинарот Атанас Ковачевски Ненадејно почина новинарот и портпарол на компанијата ЕВН Атанас Ковачевски.
Продолжува уредувањето на излетничкото место „Студена вода“ во Куманово Продолжуваат работните активности за уредување на излетничкото место „Студена вода“, кое се наоѓа во близина на селото Доброшане во Куманово. Изградбата извесно време беше стопирана поради временските услови и коронавирусот.
Делови на градот и повеќе села без струја Потрошувачите на неколку делови на градот и повеќе села денеска ќе останат без електрична енергија.