Повеќе кумановски села без струја Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во повеќе кумановски села.
Четири нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19, а направени се 1032 тестирања.
Македонската развојна економија нуди повисоки плати и шанса за сите, порача Лукаревска Носителката на листа на коалицијата на СДСМ во Изборната единица 2, Сања Лукаревска, денеска во Куманово, го посети локалитетот Студена вода, којшто интензивно се уредува за спорт и рекреација со финансиска поддршка на Владата, при што говореше за новиот економски концепт за развој на државата.
Со мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонска ограда Мотоциклист се здобил со сериозни повреди откако со мотор излетал од патот и удрил во бетонска ограда.
Изградбата на современа инфраструктура не познава препреки, кажа кандидатот за пратеник Костовски Градежната офанзива продолжува и во новата нормала. Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме. Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период, рече кандидатот за пратеник на СДСМ Мартин Костовски.
Уште 8 новозаболени и еден починат од кронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 8 новозаразени и еден починат од коронавирус.
Сакале да го нападнат, кога виделе дека е полицаец побегнале Во СВР Куманово, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека ноќеска во 00,40 часот додека се движел со своето патничко моторно возило „џета“ со скопски регистарски ознаки заедно со својата девојка, по локалниот пат Куманово-Скопје, во с. Љубодраг биле престигнати од патничко моторно возило „Поло“.
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши пругата до Бугарија и ќе изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Куманово каде што оствари повеќе средби со граѓани, на кои заклучокот е дека апсолутно секој еден граѓанин на своја кожа ги чувствува неправдите, сиромаштијата и немањето перспектива како резултат на владеењето на СДСМ.
Се степале за паркинг место, па со безбол палка му го скршил стаклото на колата Двајца кумановци се скарале за паркинг место, по што еден од нив со безбол палка му го скршил задното стакло на автомобилот. Инцидентот се сличил завчера на бул. “Октомвриска Револуција“ во Куманово.
ЦИД и Влазнија ќе се борат против говорот на омраза и ќе помагаат на социјално загрозените семејства Две здруженија од Куманово се меѓу 40-те добитници на финансиски средства од Владата наменети за поддршка за справување со ковид кризата. Од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) аплицирале со проекот за „Борба против говорот на омраза и криминалот од омраза“, додека пак од Влазнија за „Поддршка и асистенција за учениците за онлајн учење“.
Спасовски: Пензиите ќе растат заедно со платите, најниските ќе се зголемат за 21 процент Кандидатот за пратеник на СДСМ Оливер Спасовски, на средбата со пензионерите во Втората изборна единица зборуваше за Програмата на СДСМ со којашто се предвидуваат нови покачувања на пензиите.
15 новозаболени и двајца починати од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 15 нови случаи од ковид-19, а две лица починале.
Почна исплатата на социјална помош За корисниците со дебитна картичка, од денеска, 3 јули, ќе започна исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни, а од понеделник, 6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.
Остануваат отворени границите со Србија и Косово Владата нема добиено предлог од Комисијата за заразни болести, за затворање на границите со Србија и Косово.
За само три години станавме лидер во регионот во енергетски сектор, рече Павловски Го намаливме приклучокот за електрично броило, воведовме евтина тарифа за електрична енергија, секој ден од 14 до 16 часот и во недела цел ден, ги ослободивме од плаќање на надоместок оние потрошувачи кои беа исклучени од системот на топлинска енергија. За само 3 години сликата е сосема променета, рече на денешната прес-конференција Зоран Павловски, кандидат за пратеник од СДСМ, во ИЕ2.
Вo Куманово ноќеска наврна 17 литри дожд Во изминатите 24 часа во Куманово падна најмногу дожд, дури 17 литри на метар квадратен. Потоа следуваат: Битола со 14 л/м, Крива Паланка- 10 л/м, Крушево - 6 л/м.