Три линии дневно сообраќаат до малите села Локалната самоуправа и месните заедници го одредуваат возниот ред зависно од потребите и бројот на жители, а превозниците сами ја формираат цената на билетите.
Петмина полицајци се повредени во сообраќајка Во местото викано Војнички пат, кумановско денеска во 11 часот се преврте полициско возило “пинц гауер“со пет полициски службеници од станицата во село Гошинце.
Потребни ли се градинки во селата? На ниво на Македонија жените фармерки бараат во селата да се отвараат градинки. Објаснуваат дека се зафатени со работа, а децата не се безбедни дома покрај земјоделска механизација и го пропуштаат едукативниот дел бидејќи не се посетуваат градинка.
Нема подолго чекање на Табановце На граничниот премин Табановце патничките возила вообичаено чекаат по 15 минути колку што е потребно за да се направи контрола.
Се празни ли солидарниот фонд? Годинава кај пензионерите смртноста е зголемена, а од пензионерските здруженија објаснуваат дека парите за погребнина доцнат месец дена. Во градот месечно во просек умираат по 70 пензионери.
Кумановци ги заменуваат старите здравствени книшки Во Куманово се поднесени 67.878 барања за замена на здравствените книшки со електронски картички. Од наредната година ќе профункционираат електронските здравствени картички. Во нив ќе се евидентираат прегледите.
Невработеноста ги разочарува младите образовани кадри Во Македонија 32% од популацијата се без работа, а дури 55% од младите мака мачат за да добијат шанса за вработување и да покажат што знаат и умеат. Оваа појава е присутна и во Куманово.
Крводарители ќе патуваат во Дојран Вкупно 103 граѓани кои даруваа крв на 12 месецов, во недела ќе заминат на еднодневна екскурзија во Дојран.
Адиминистративците се подготвуваат за одмори Административните работници добиваат од 20 до 26 дена годишен одмор зависно од степенот на образование и работниот стаж. Право на одмор кој трае точно 26 дена имаат судиите.
Брзата помош работи со полна пареа По 25 интервенции преку ден и исто толку ноќе реализира Итната помош во последниве денови. Екипите на Брзата помош дневно имаат над 30 домашни посети.
Кумановци земаат жени од Албанија Со години ергени од многу македонски села од различни краеви земаа жени од Албанија. И во кумановско оние мажи кои и по 40 - та година од животот не можат да најдат сопруга се решаваат на ваков чекор.
Дали кумановци ќе читаат на плажа? Читањето е навика која треба да се негува од најрана возраст. Меѓу граѓаните кои ги анкетиравме наидовме и на такви кои имаат по неколку книги во фиоките на работа, што е за поздравување. Ги прашавме дали кога одат на одмор , практикуваат да читаат на плажа?
Температурите намалени, администрацијата ќе работи по старо Бидејќи Македонија се наоѓа во зелената фаза кога температурите не се премногу високи за да бидат штетни по здравјето, од утре институциите ќе работат по старото работно време од 8:30 до 16:30 минути.
“Професор Мијалковиќ“ вработи двајца воспитувачи Во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ двајца воспитувачи заминаа во пензија, по што на двајцата приправници кои се ангажирани до август договорите ќе им се трансформираат од определено на неопределено време.
Зголемено миење на улиците во однос на лани Ова лето ЈП“Чистота и зеленило“ за разлика од лани има трипати повеќе работа што се однесува до миење на улиците. Во централното градско подрачје улиците од прва зона се мијат еднаш неделно, а улиците од втора зона се мијат два пати месечно.
Во Куманово не се селектира отпад Од технички причини во градот не се селектира отпад. Се планира во иднина сметот да се носи во горилници и од него да се произведува енергија.
ВРАТИ СЕ БРАНКО, ВРАТИ СЕ ГРУЈО, СЕ ВИ Е ПРОСТЕНО! Знам дека кога ќе ја видите мојата слика и до неа насловниот текст,... Виктор Божиновски