На жителите од неколку улици ќе им светне Повеќе улици и населени места ќе добијат улично осветлување со новата програма што ја усвои ЈП „Куманово-паркинг„.
Саем на медот на Благовец Здружението на пчелари „Кум-мед„, по повод христијанскиот празник Благовец, ќе организира Саем на мед на Градскиот плоштад.
Техничкото училиште со повеќе еко проекти Eколошкиот-одбор на техничкото училиште „Наце Буѓони„во изминатиот период реализираше повеќе еко-проекти, а нивната завршна реализација ќе биде на крајот на годината.
Липа ќе дели садници на граѓаните По повод Денот на пролетта, утре на Градскиот плоштад во Куманово ќе се делат садници на граѓаните. Акцијата ја организира еколошкото друштво Липа во соработка со Општината Куманово.
Превентивни лекарски прегледи на граѓаните Екипа од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Куманово, утринава во Соколанскиот парк вршеа превентивни прегледи на граѓаните.
Шверцувале камери и фустани На граничниот премин Табановце автопат, на влез во државата во два камиони пронајдена е поголема количина на непријавена стока.
Со стерилизација ќе се намалат кучињата скитници Претставници од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди„, денеска во Куманово ја промовираа програмата „Залови, стелизирај, вакцинирај и врати„, наменета за решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомни кучиња.
Дамјановски: Нема да дозволиме да се дестабилизира Општината Куманово и во најтешките моменти, беше стабилно место за живеење, а меѓунационалните односи отсекогаш биле на највисоко ниво.
Пролетта пристигна Денес на целата северна хемисфера пристигна пролетта, а истовремено на јужната земјина полутопка почна есента.
Старо Нагоричане во проект за толеранција во спортот Општината Старо Нагоричане е една од шесте општини, која е вклучена во проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.
Арамии ги сардисаа селските куќи Жителите на куманoвските села, се жалат дека во последно време многу се краде по селските куќи и викендички. Разбојнички групи оперираат во испразнетите села и крадат се што ќе им дојде до рака.
Почнаа обуките за управување со мотор Двеста педесет средношколци од Куманово се пријавиле да полагаат за управување велосипеди со мотор во рамки на проектот "Безбедно управување со мопед".
Жените се поиздржливи од мажите Државниот завод за статистика на припадничките на понежниот пол им го честита празникот со неколку интересни податоци за жените во Република Македонија.
Бејта во посета на Општината Mинистерот за локална самоуправа Невзат Бејта денеска ќе престојува во работна посета на Општината Куманово.
Мигрантите во Лојане се одомаќиа Проблемот со мигранти од Пакистан, Авганистан, Либија и Индија, кои престојуваат во липковското село Лојане, сеуште е присутен.
Водоснабдувањето се нормализира Последнитре денови се нормализира водоснабдувањето во градот. Вода има и во повисоките делови на градот со малку послаб притисок, а во ниските зони водоснабдувањето е вообичаено.