Оружјето на криминалците најдено во Отља Во куќата на Фериде Б.(60) во селото Отља, полицијата пронашла поголема количина на оружје, за кое постои сомнение дека криминалната група го користела при убиството кај Смиљковското езеро.
Распишан конкурс за средношколски есеи Министерството за образование и наука во соработка со Делегацијата на Европската Унија и оваа година објавува конкурс за најдобар есеј.
Одбележани 107 години од битката на Челопечка кула Обединетата српска зедница во Македонија, регионален одбор Куманово,вчера во селото Челопек, организираше помен и сеќавање на загинатите борци во битката на Челопечка кула.
Кумановци за Први мај на пикник во Студена вода Асоцијацијата на невладини организации организира културно-уметничка програма, настап на повеќе трубачки оркестри и општонародна веселба, а ќе има натпреварувања во традиционалните кумановски игри.
Вонредна вакцинација за децата во Средорек Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом денеска во населбата Средорек, организираa вонредна акција за вакцинација, по повод Европската недела на имунизација.
Годинешниов маскенбал на 5 мај Традиционалниот кумановски маскенбал „Батко Ѓорѓија 2012„, годинава ќе се одржи на 5-ти мај. Покрај на Градскиот плоштад, од оваа година, маските ќе продефилираат и по кумановските улици.
Крводарителска акција ва Заводот за трансфузиологија Во просториите на Заводот за трансфузиологија во Куманово, денеска и утре се спроведува крводарителска акција.
Конечно ќе се заштити црквата „Свети Ѓорѓи„ Kонечно ќе се заштитат од пропаѓање фреските во црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане, стари седум века.
На Студена вода првомајски пикник Асоцијацијата на невладини организации, организира Првомајски пикник на м.в. Студена Вода во селото Добрешане.
Двајца доктори на науки и 18 магистри чекаат работа Двајца доктори на наука, 18 магистри и 1014 граѓани со високо образование чекаат работа во Куманово.
Младите на ВМРО чистеа кај Спортска сала По повод светскиот ден на планетата Земја 22-ри Април, младите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово,вчера реализираа голема еколошка акција за почиста и поздрава животна средина.Во акцијата учествуваа 50-тина млади луѓе, кои собираа смет во паркот кај Спортската сала.
Натпревар по физика во гимназијата Друштвото на физичари на Македонија, денеска во гимназијата "Гоце Делчев" организираше регионален натпревар по физика.
Деца-полицајци го регулираа сообраќајот Проектот „Дете - полицаец за еден ден„ наменет за учениците од основните училишта, и денеска се спроведуваше на кумановските улици.
90 илјади денари за лицата со хендикеп во „Порака-наша„ Министерството за труд и социјалнa политика за прв пат одобрило финасиска помош за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака-наша„ во Куманово.
Децата во Старо Нагоричане добија топки Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, по повод најголемиот христијански празник Велигден подели топки за фудбал, кошарка и ракомет на децата од неколку села.