Најдобрите маски ќе бидат наградени Во спортската сала на средното економско училиште “Перо Наков“ вечерва во 19 часот најдобрите маски од маскембалот “Батко Ѓорѓија 2012 “ ќе ги добијат наградите. Присутните уште еднаш ќе ги видат автентичните маски.
Нема опасност од излевање на реките Досега се наврнати од 27 до 30 литри дожд на метар квадратен што не претставува ризик водите да се излеат од коритата. Денешните врнежи од 7 до 8 литри на метар квадратен исто така не можат да предизвикаат големи промени.
Земјоделците се вратија од саемот во Нови Сад Над 50 земјоделци од кумановско, организирано го посетија Саемот за земјоделство во Нови Сад што се одржа минатат недела.
Без вода улиците „Никола Тесла„ и „Србо Томовиќ„ Прекини во водоснабдувањето денеска ќе има на улиците „Никола Тесла„ и „Србо Томовиќ„.
Премиера на “Колку чини промената“ “Колку чини промената“ е нова претстава што ја подготвија матурантите од гимназија “Гоце Делчев“.
Презентација на проект во ОУ“Магдалена Антова“ Утре во ОУ “Магдалена Антова“ ќе се организира презентација на проект насловен како “Млади преку спорт и екологија до меѓуетничко разбирање и оддржлив развој во Македонија“.
Почнува уписот на првачиња Сите деца кои се родени во 2006 година, заклучно со 31 јануари 2007 година треба да се запишат во прво одделение.
Докторите во пензија, сестрите на улица Десетина медицински сестри од јавното здравство во Куманово, останале без работа затоа што нивните доктори ги затвориле ординациите.
Земјоделците од Клечовце бараат оштета за уништениот род Минатата недела пороен дожд со град го зафати селото Клечовце и ги оштети земјоделските површини. Најмногу штета е предизвикана на лозовите насади и житариците.
До 15 јуни нема ловење риба За разлика од порано, сега се изрекуваат многу повисоки казни за непочитувањето на забраните за риболов и може да чинат до 500 евра.
Утре крводарителска акција Во Клубот на ветерани, односно во просториите на резервните воени старешини, утре од 11 до 14 часот ќе има акција за дарување на крв.
Сушата ќе ги покоси житариците Во Кумановско имаше малку снег, а есента беше сушна, па затоа агрономите сметаат дека житариците ќе дадат слаб род.
Пазете, камерите снимаат Камерите поставени на кумановските улици и на Граскиот плоштад од вчера почнаа да снимаат сообраќајни прекршоци.
Ѓурѓовден се слави во Тромеѓа По повод селската слава Ѓурѓовден утре вечер во селото Тромеѓа ќе се одржи општонародна веселба.
Благајникот на “Водовод“ ќе одговара за проневерата На барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на јавното претријатие “Водовод“, Виктор Божиновски изнесе детали околу последните злоупотреби направени од вработените.