Ученици од “Перо Наков“ ќе ја играат “Бегалка“ во Крушево Ученици од средното училиште “Перо Наков“ утре со претставата “Бегалка“ ќе се натпреваруваат на образовното рандеву МАССУМ кое ќе се оддржи во Крушево.
“Ленка“ и “Солидарност“ ќе протестираат во Куманово Движењето за социјална правда “Ленка“ и левичарското движење “Солидарност“ утре од 10.30 до 12 часот во Куманово ќе организираат првомајски протест.
Уште една успешна крводарителска акција Во клубот “Христијан Т.Карпош“ денеска се оддржува крводарителска акција во сеќавање на Александар Ковачевски, член на Здружението на армиски и полициски ветерани кој минатат година неднадејно почина.
Странски волонтери ќе танцуваат низ клубовите Волонтери од повеќе земји кои се на размена во невладината организација “Стритс фестивал“ подготвуваат танц со кој ќе настапат во неколку клубови во градот.
1 мај - неработен за сите граѓани Денот на трудот 1 мај се одбележува во четврток и тој ќе биде неработен за сите граѓани.
Ѓорѓиевски: Сами одлучувате за својата судбина Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за пратеник од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и сами да одлучат за својата судбина.
Се оддржа општински натпревар по математика Во основното училиште “Христијан Карпош“ се оддржа општински натпревар по математика на кој учествуваа 180 ученици од сите основни училишта од градот.
Пожарникарите од нашиот регион ќе се натпреваруваат со колегите Пожарникарите од североисточниот регион на 19 мај во Скопје ќе се натпреваруваат во спасување на луѓе од хаварисани возила со колегите од другите региони во Македонија .
Надминат проблемот со слаб притисок на вода Жителите во централното градско подрачје денеска напладне забележале слаб притисок на вода, но попладнево снабдувањето со вода е нормализирано.
ДУИ организира крводарителска акција Демократската унија за интеграција од Куманово утре организира крводарителска акција во партиски штаб во близина на Општа болница.
“Вук Караџиќ“ со богата програма за патронатот Основното училиште “Вук Караџиќ“ следната недела ќе организира повеќе активности за одбележување на 69 - от патронат под мотото “Нашето училиште - лулка на знаење“.
Пензионерите играорци настапуваат во Врање Пензионерите од културно - уметничкото друштво “Ѓоко Симоновски“ задутре ќе настапат на меѓународен фолклорен фестивал во Врање, Србија.
Опаѓа водостојот на река Пчиња Во последното деноноќие намален е водостојот на река Пчиња и не постои опасност од излевање.
Сара Ѓорѓијоска на поетски фестивал во Бања Лука Сара Ѓорѓијоска, ученичка во 8 одделение во основното училиште “Кочо Рацин“ на 25 месецов ќе учествува на поетски фестивал во Бања Лука, како финалист од конкурсот “Детско царство“ кој го распишаа тамошните организатори.