Никола Вулетиќ се врати дома-потребни уште многу пари за долекување Никола Вулетиќ вчера заедно со неговите родителите се врати во Куманово, откако еден месец беше на лекување во болница во Истанбул, Турција.
“У кафанче карши Станче“ ќе игра во Неготино Со кабаретната претстава “У кафанче карши Станче“ кумановските пензионери ќе се претстават во четврток во Центарот за култура во Неготино.
“Делии“ собраа 1000 евра на хуманитарен концерт Фондацијата “Делии“ и културно-информативниот центар СПОНА, синоќа оддржа хуманитарен концерт во Куманово.
ЦИД испрати антирасистички пораки Младите од Центарот за меѓукултурен дијалог вчера на Градскиот плоштад оддржа акција со пораки за антирасизам по мото “Се вклопуваме заедно“.
Се гради нов објект за трансфузиологија Стариот објект на трансфузиологија во кругот на Општа болница Куманово е срушен до темел и на негово место се гради нов објект кој треба да биде готов за 3 месеци.
Војниците во “Боро Менков“ садеа рози Армиските војници од касарната “Боро Менков“ денеска засадија рози со што го одбележаа Денот на пролетта и се вклучија во акцијата “Македонија земја на цвеќето - земја на розите“.
Кумановските пратеници ретко зборуваат на телефон, но и на говорница На говорница ги нема, но затоа ги „топат“ службените телефони. Дури една четвртина од пратениците во Собранието, не кажале ниту збор на говорница во последната половина од годината покажа анализата „Мојот пратеник“ кој собраниските служби го изготвуваат на секои шест месеци.
Села во Општина Старо Нагоричанe без струја Tри села во Општина Старо Нагоричане и граничниот премин Пелинце се без електрична енергија, поради дефект на мрежата.
Денеска е Меѓународниот ден на среќата 20 март е Меѓународниот ден на среќата и по тој повод ги прашавме кумановци што за нив претставува среќа и што ги прави среќни.
Учениците утре ќе садат рози По повод 21 март - Денот на пролетта, утре основците во повеќето училишта ќе садат рози и други видови цвеќе во училишните паркови.
“Крсте Мисирков“ цела недела спроведува еко активности По повод Денот на пролетта, на тема “Македонија земја на цвеќето - земја на розите“, во основното училиште “Крсте Мисирков“ цела седмица се организираат еко активности.
Гимназијалците на саем во Ниш Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ следниот четврток ќе учествуваат на саемот “Науката не е баук“ во Ниш, соседна Србија.
Кукуњавски донира цртежи за Никола Вулетиќ Сликарот Борис Кукуњавски донира три цртежи за помош на малиот Никола Вулетиќ. Цртежите се дел од неговата ретроспективна изложба која се оддржа во декември лани.
Конкурс за есеи „Проширување на ЕУ“ Студентите и средношколците до 11 мај можат да испратат есеј на тема “Проширување на ЕУ“ на конкурсот кој го инцираше Европската комисија.
Општина Липково ќе добие Центар за култура Во липковското село Матејче почнати се градежни активности за изградба на Центар за култура и дел од објектот ќе биде готов за неколку месеци.
“Перо Наков“ потпиша протокол за соработка со “Бајрампаша“ Во просториите на Општина Куманово денеска протокол за соработка потпишаа делегациите од училиштата “Перо Наков“ и “Бајрампаша“ од Истанбул.