Советниците се запознаа со политиките за регоионалeн развој Советници од шестте општини во Североисточниот регион, денеска присуствуваа на работилница за регионален развој и регионални политики во државата.
Ноќеска наврнаа 16 литри дожд Во последниве 24 часа на територија на општина Куманово, наврнаа 16 литри дожд на метар квадратен, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Жителите на четири улици без вода Вода за пиење утрово немаат граѓаните од четири улици во центарот на градот.
Купувале со лажни, а добиле кусур во вистински евра Изманици насамариле жител на кумановското село Облавце, кога со фалсификувани евра купиле јагниња и сирење, а добиле кусур во денари и евра.
Пазарџиите ги зголемија цените пред Духови Дел од трговците деновиве ги зголемија цените на овошјето и зеленчукот во пресрет на православниот празник Духовден.
Повеќето сточари не платиле пашарина Во кумановско, голем дел од сточарите со години не платиле пашарина за користење на пасишта, поради што можат да останат без субвенции.
Куманово дел од заедницата на градови за енергетска ефикасност Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска потпиша повелба на градоначалници, која преку секторот за евроинтеграции ќе биде испратена во Брисел.
Стапи на сила Законот за мобинг Пред неколку дена стапи на сила Законот за мобинг, кој треба да им понуди поголема заштита на работниците.
Aвио-прскање на комарци во среда Во Куманово неделава се планира да се спроведе авионско прскање против комарци.
Маркичките отпаднаа, адвокатите ќе се фискализираат Адвокатите најдоцна за еден месец треба да се фискализираат, откако по многу негодувања Законот за адвокатски маркички е вон сила.
Кумановци поминаа обука во Фондација Никола Кљусев Марија Јовановска, Гоце Дамњановски и Мирољуб Голубовски членови на Црвен Крст Куманово поминаа обука на тема “Тимска работа и лидерски способности низ комуникацискиот процес“ во Меморијален центар Фондација Никола Кљусев во Скопје.
Претставите на пензионерите во неколку градови Кумановските пензионери ќе гостуваат со три претстави во неколку градови во Македонија.
Лани во Куманово се родиле повеќе машки бебиња Во Куманово лани се родени 1307 бебиња од кои повеќето се машки.
Како кумановци се снајдоа со дигитализацијата? По стартот на дигитализацијата, кумановци се жалат дека имаат технички проблеми со приемот на тв сигналот.
Училиштето “Христијан Карпош“ организираше еко - ден Во ОУ “Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане се оддржа еко манифестација на која учениците презентираа храна, природни чаеви, природни средства за нега на женската убавина и друго.
Се очекува двојно побогата реколта од лани Оваа година житариците ќе дадат двојно побогат род за разлика од лани кога имаше голема суша, велат земјоделците.