СДСМ утре организира крводарителска акција Од општинската организација на СДСМ ги повикуваат нивните членови, но и сите хумани граѓани утре да се вклучат во акцијата за дарување на крв во Комитет.
Ромки се обучуваат за свој бизнис 60 жени од ромска националност од Куманово ќе посетуваат курсеви и ќе учат вештини за да си го олеснат патот до вработување.
“Благословени“ со поддршка за лицата со психички проблеми Во Куманово од неодамна постои здружение за помош на лица со психички проблеми.
Се сумираат штетите од поплавите 490 домаќинства поднеле барања за претрпена штета во неодамнешните поплави.
Се зголемува шумскиот фонд во кумановско И покрај пожарите кои лани лето беснееја во липковско, во 2012 година имало за 20 отсто повеќе шуми во регионот за разлика од 2011 година.
Жените го слават 8 март Припадничките на понежниот пол во светот, денеска го празнуваат Денот на жената.
Жените со оштетен слух ќе покажат како готват Жените од Здружението на глуви и наглуви Куманово ќе учествуваат следниот месец на средба “Жени домаќинки“ во Охрид.
Дамјановски го посети Табановце Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска се сретна со жителите на село Табановце на кои им вети изградба на пат, вработување и решавање на комуналните проблеми.
Загадена водата за пиење во три села По поплавите, во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце сеуште е забранета за пиење водата од селскиот водовод и бунарите.
Болницата доби 1550 апаратчиња за мерење гликемија Центарот за дијабетес во Кумановската болница, деновите доби 1550 апаратчиња за мерење гликемија.
Граѓаните мереа притисок и шеќер во крвта Акција за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта денеска организираше ВМРО - ДПМНЕ под покровителство на Здравствен дом Куманово.
Дамјановски ја посети населбата Иго Тричковиќ Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ја посети населбата Иго Тричковиќ и на жителите им вети дека ќе им ги реши комуналните проблеми и невработеноста.
Младите дебатираа за формирање на Национален младински совет Претставници од повеќе невладини организации денеска дебатираа за потребата за основање на Национален младински совет.
Владина помош за поплавените домаќинства За 175 поплавени семејства во Куманово, денеска пристигнаа пакети со облека, обувки и средства за лична хигиена од Владата.
Поплавените ги расчистуваат куќите Жителите на населбата Средорек и останатите сопственици на поплавените куќи со кофи ја исфрлиле водата од своите домови, а мебелот го изнеле надвор да се исуши од влага.
Јавна дискусија за основање на Национален младински совет Утре ќе се одржи јавна дискусија за основање на Национален младински совет во Куманово.