Кумановска докторка меѓу најдобрите 40 лекари во државата Психијатар Виолета Поповска, вработена на нервното одделение во Општа болница Куманово се наоѓа меѓу највредните 40 лекари во земјава што ги прогласи Мининистерството за здравство.
Советниците бараат решавање на сообраќајниот хаос Претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски, на денешната седница, од командирот на Полициска станица Куманово Антон Витковски, побара објаснување зошто полицијата не го решава сообраќајниот хаос во одредени делови на градот.
Плетењето волнени чорапи со долга традиција Во денешно време волнените чорапи се среќаваат во модицирана форма, но во минатото било предизвик за женските деца кои учеле да плетат.
Пензионерките се подготвуваат за 8 март Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ на 6 март, жените пензионерки со богата културно-уметничка програма ќе го одбележат празникот на жената.
Отворени уште два пензионерски клуба Во населбите Железничка станица и Зелен Рид, отворени се нови пензионерски клубови.
Бутиците нудат попусти за 8 март Бутиците и продавниците за чевли нудат попусти и пониски цени за празникот на жената. Излозите се преплавени со реклами за намалување на цените за 20, 30 или 50 отсто.
Комисиите на терен ќе ги утврдуваат штетите Формирани се пет комисии од кои дел уште денеска ќе излезат на терен за да направат проценка на штетите предизвикани од поплавите.
Расчистена улицата “Никола Тесла“ Наносите од водата на улица “Никола Тесла“ се расчистени со механизација- тврдат од Центарот за управување со кризи.
Учениците од “Кочо Рацин“ меѓу најдобрите во англиски јазик На републички натпревар за англиски јазик кој викендов се оддржа на ФОН Универзитет, учениците од ОУ“Кочо Рацин“ покажаа добри резултати и се пласираа меѓу првите.
Полицијата спаси човек во Шупли Камен Методија Илиевски (61) вчера четири часа бил заробен во неговата викендичка во Шупли Камен, а го извлекла и спасила полицијата.
Со бедеми се затвараат изливните места Од Центарот за управување со кризи велат дека повеќе екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, противпожарната служба и од јавните претпријатија со механизација ги затвараат изливните мес та на речните корита.
Поплавените семејства сместени во училишните спортски сали Над 200 Роми од населбата Средорек чии куќи се поплавени од вчера попладне се сместени во спортските сали на три основни училишта во градот.
Синдикатот бара повисоки плати за просветарите Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара преговори со ресорното министерство за потпишување на колективни договори во високото образование и корегирање на платите за сите во сектор образование.
Министерката Јанкуловска го посети Клечовце Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска го посети селото Клечовце и на лице место се увери дека штетите од полавите во кумановскиот регион се огромни.
Се скрши столб на мостот во Пчиња Од надојдената река околу 13 часот, се скршил столб на мостот во Пчиња со што половина село е отсечено.
Македонското женско лоби организира семинар во Куманово Во зградата на поранешен Комитет, утре ќе се оддржи семинар на кој ќе има жени од повеќе политички партии, од невладини и од медиумите.