Викенд предлог: Водопад „Длабочица“ Доколку сакате да побегнете од градот и да се одморите и релаксирате во природата, наш предлог е да го посетите водопадот „Длабочица“ во селото Длабочица. Козјачкиот регион изобилува со недопрена природа, која заслужува да се види. Затоа во продолжението на текстот ќе ве запознаеме со географските и историските карактеристики на овој преубав предел.
Марина Пешиќ го засладува животот со медени колачиња и развива креативен бизнис Кумановка по најтешката животна пресвртница се решава силната болка да ја укроти со креативна работа, изработувајќи медењаци, како што се познатите лицитарски колачиња.
„Да шириме љубов“ – новo хуманитарно здружение за помош на деца и сиромашните Во Куманово започна со работа ново хуманитарно здружение „Да шириме љубов“ (Let`s Spread love), кое има за цел да помага и да дава поддршка на ранливите и маргинализирани семејства, а особено на децата кои живеат во нехумани услови и сиромаштија.
Кумановец шеф на кујна и фуд дизајнер во познат хотел во Германија Кумановецот Филип Митевски е шеф на кујна во хотел во германскиот град Ербах, а на оваа позиција се наоѓа од мај минатата година. Унапредувањето на работното место го добил по неколкугодишна упорна, дисциплинирана и креативна посветеност на работата што ја избрал за своја професија. о животот, но и во работата, Митевски ја користи познатата девиза „Најдете си работа што ја сакате и никогаш веќе не мора да работите“.
Рециклира стара хартија и прави нов производ, кумановец на отпадот му дава нова вредност Особено ми смета кога ќе видам дека картонот се пали. Тоа е суровина, која вреди пари и затоа треба да ја заштитиме и правилно да ја употребиме. Во мојата работа не гледам само профит, сакам да го видат Куманово исчистено од хартија.
Кумановка изработува икони и слики од филигрански конец и срма Кумановчанка Маја Стрика (40) изработи икона „Богојавление“ во техниката филигран и ја подари на црквата „Свети Ѓорги“ во село Тромеѓа, каде за првпат ова година ќе има свеченост со фрлање на крстот и општонародна прослава по повод претстојниот празникот Водици.
Лара Марковиќ, 9-годишно девојче кое воодушевува со свирење на тапан Лара Марковиќ, која по татко е со потекло од Куманово, е девојчето кое што свиреше на тапан и предизвика воодушевување кај присутните на прославата на Бадник на Градскиот плоштад во Куманово. Лара е четвртооделенката во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје е една од трите девојчиња во Македонија кои свират на тапан.
Илина Арсовска освои бронзен медал на престижен натпревар по математика Деветоодделенката Илина Арсовска од ООУ „Кочо Рацин“ Куманово освои трето место и бронзен медал во категоријата јуниори на Меморијалниот натпревар по математика Александар Блажевски - Цане, кој се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Кумановецот Христијан Младеновски стигна до ВОГ, очекува интернационална кариера Младиот моден дизајнер Христијан Младеновски од Куманово постигна огромен успех откако фотографија со негов модел беше објавена во модната дигитална галерија на светски најпознатиот и култен моден магазин ВОГ (VOGUE).
Kумановка постигнува извонредни резултати во стрелаштвото, ја продолжува машката семејна традиција Осумнаесетгодишната Ива Дилевска од Куманово само две години се занимава со стрелаштво, а веќе постигнува извонредни резултати на државни натпревари со воздушно и огнено оружје. Ива е единствената членка на Стрелачкиот клуб „Куманово 2000“, а тренира во просторија во Гимназијата „Гоце Делчев“.
Уметникот Мишо Стојановски со нова престижна награда на Ликовната академија во Фиренца Младиот уметник Мишо Стојановски од Куманово забележа уште еден успех на ликовната италијанска и европска сцена, освојувајќи една од престижните награди на Ликовната академија за убави уметности од Фиренца, која по повод 110-годишнината од основањето на својата графичка школа, го организираше конкурсот за Меѓународна награда за графика.
Кривопалачани два дена живееја во светот на витезите, благодорниците и занаетчиите од средновековието Витези и витешки борби, благородници и селани, накит, храна, садови, музика, занаети од средниот век...
„Пеколот“ на кумановецот Мишо Стојановски ја освои престолнината на мозаикот Равена Младиот Мишо Стојановски од Куманово, студент на престижната Ликовната академија во Равена, Италија, иако има само 21 година и е на завршната година на студиите, неодамна освои две значајни награди кои го потврдуваат неговиот талент во ликовната уметност и му ја отвораат вратата на меѓународната сцена.
Хуманистката Мариа Дибиаџио отвори ранч за коњи во Ранковце - место за терапија и уживање во природата Младата и амбициозна хуманистка, Мариа Дибиаџио, која живее на релација САД - Македонија, позната по голем број на реализирани хуманитарни акции во земјава и странство, пред неколку месеци отвори ранч за коњи и други животни во Ранковце, кој е адаптиран и за лицата со попреченост.
Стојанче Величковски - хералдичар со потпис на значајни симболи и обележја (видео) Стојанче Величковски од Крива Паланка е автор и коавтор на дел од најзначајните симболи и обележја во државата како што се официјалниот грб на претседателот на Македонија, грбот на МПЦ-ОА, првата сабја за почести на Баталјонот за почести на македонската армија, мноштво семејни, општински, корпоративни и други грбови.
Кумановецот Кристијан Поповски дел од тимот, кој стана светски шампион во Кантер страјк Младиот кумановец Кристијан Поповски-Фодор беше дел од македонската репрезентација, која стана светски шампион во видео играта Кантер страјк (Counter Strike) на Светското првенство што неодамна се одржа во Израел.