Мени

Вести

Среда 10 февруари 2010

13:00

„Лесново 2009“ во Куманово

Утре вечер во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложба на слики од 18-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2009“.

Вторник 9 февруари 2010

16:00

Професорот што истепа ученик, парично ќе биде казнет

Професорот по физичко воспитание, кој го претепа шестооделенецот во основното училиште "Магдалена Антова" во населбата Карпош, ќе биде парично казнет и прекршочно ќе одговара, но нема да биде избркан од работа.

Понеделник 8 февруари 2010

14:48

Здравствениот дом со подобри услови за пациентите

Здравствениот дом - Куманово минатата година инвестираше во уредување на кровната конструкција, а обезбеди и донација вредна 50.000 евра. Апаратот за испитување хормонален статус и тумор маркери е прв од ваков вид...

Четврток 4 февруари 2010

16:39

Го убиле пред очите на неговите две деца

Муарем Салиу (36) од Липково е убиен, а неговиот 4 години помлад братучед Бурим (32) е тешко повреден вчера попладне пред продавницата „Сал Идриз Ком“ во селото Липково кога врз нив пукало...

Среда 3 февруари 2010

15:13

Словенци ќе помогнат во развој на Северо-источниот регион

Искуствата од регионот „Срцето на Словенија„ ќе се користат во развој на Северо-источниот регион. Претставници од овој регион на днешната работилница ги презентираа придобивките од развојот кој започнал во 2000-та година преку...

10:31

Изложба на Далибор Јовановски во Кратово

Денеска во Музејот на Кратово ќе се отвори изложбата на графики и цртежи на Далибор Јовановски. Изложбата е координирана од Националната установа Центар за култура "Трајко Прокопиев" - Куманово.

Вторник 2 февруари 2010

16:54

Економското училиште на албански јазик пуштено во употреба

Без ни едно државно обележје и ниту еден збор на македонски јазик во официјалната програма, денeска беше предадено во употреба новото економско училиште на албански јазик, сместено во некогашната касарна „Христијан Карпош“...

Четврток 28 јануари 2010

14:27

Соларка бутна бандера

Возило на службите што го расчистуваат снегот во градот вчера попладне удрило во електричен столб и го прекинал снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во месната заедница „Бајрам Шабани„.

Среда 27 јануари 2010

09:43

Утре седница на Совет

Советот на Општината Куманово, утре ќе ја одржи деветнаесеттата, редовна седница. На дневен ред ќе се најдат 15 точки, а меѓу другото советниците ќе го разгледаат кварталниот извештај на Буџетот, финансиското работење...

Вторник 26 јануари 2010

15:10

Кумановци истепани во Скопје

Двајца браќа од Куманово, ноќеска биле претепани во нивниот стан под кирија во населбата Аеродром, Скопје. Според полицијата, тројца напаѓачи дошле во станот околу полноќ и без причина почнале да ги тепаат.

14:43

Гимназијата на албански јазик чека мислење од Владата

Советот на родители за отварање на гимназија на албански јазик во Куманово, се закани дека ќе организира протести доколку Министерството за образование и наука наскоро не даде одобрение за создавање на новото...

14:26

Марихуаната одгледана во Слупчане

Седумдесет и два килограми марихана се запленети вчера попладне на автопатот Куманово -Скопје , пред налатната рампа Романовце. Полицијата уапсила две лица кои со своите автомобиле ја превезувале дрогата со цел да...

09:59

Училиштето во Старо Нагоричане слави

Основното училиште „Светозар Марковиќ„ од Старо Нагоричане, денеска ја слави училишната слава „Свети Сава„. Прославата ќе започне во 11.30 часот со училишна приредба.

Понеделник 25 јануари 2010

16:44

Запленети 60 килограми марихуана

На автопатот Куманово- Скопје, пред наплатната рампа на Романовце, полицијата денеска попладне запленила поголема количина на дрога.

16:35

Салата „Панко Брашнаров“ наскоро во функција

Агенцијата за млади и спорт ја обезбеди потврдата за атест на кровната челична конструкција на спортската сала „Панко Брашнаров“ во основното училиште „Магдалена Антова“, што беше неопходна за издавање на употребна дозвола...

Страница 1.420 од 1.423 · 22.758 вести