Мени

Куманово го прослави 11 Ноември - Денот на ослободувањето

Куманово го прослави 11 Ноември - Денот на ослободувањето

Со свечената седница на Советот на Општина Куманово, која се одржа во салата на Центарот за култура, денеска заврши прослава на 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово. На свеченоста  беа доделени ноемвриските награди, а имаше и кратка културно-уметничка програма.

Отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2023“

Отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2023“

Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“, на која учествуваат 20 уметници со дела изработени во најразлични техники и просторни инсталации. 

Куманово ја слави слободата - 79 години растеж и развој

Куманово ја слави слободата - 79 години растеж и развој

Куманово денеска прославува 79 години од ослободувањето и остварувањето на вековната идеја за самостоен и демократски развој. На 11 ноември 1944 година партизаните од НОБ го победиле  фашистичкиот окупатор, а граѓаните ја дочекале слободата на својот град.

Два дена Саем на мед на Градскиот плоштад во Куманово

Два дена Саем на мед на Градскиот плоштад во Куманово

Членовите на здружението „Пчела“ од Куманово се придружуваат на прославата на 11 ноември - Денот на осолободување на Куманово со организрање на Саем на мад на градскиот плоштад во Куманово. Излагачи се 17 члена на здружението и еден гост-учесник, пчелар од Берово.

Сефедин одбива лекарска грижа, своеволно се враќа на улица, велат од Кумановската болница

Сефедин одбива лекарска грижа, своеволно се враќа на улица, велат од Кумановската болница

Бездомникот Сефедин Куртиши, кој подолго време запуштен талка по улиците, а пред два дена беше згрижен на Психијатриското одделение, вчера на сопствено барање ја напуштил Кумановската болница. Тој им рекол на лекарите дека ќе оди да се лекува во домашни услови и не сакал повеќе да остане на одделение.

Здружението Онлајнмедиа бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминаторските одредби од Изборниот законик да се отстранат

Здружението Онлајнмедиа бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминаторските одредби од Изборниот законик да се отстранат

Здружението за заштита и унапредување на интернет медиумите ОНЛАЈНМЕДИА ја информира јавноста дека и покрај јавно декларираната заложба на сите релевантни политички субјекти, на новинарските здруженија и на новинарската заедница за регулација на онлајн-медиумите, неизвесно е дали интернет порталите ќе најдат свое место во измените на Законот за медиуми коишто се најавуваат.

На локалитетот Градиште во село Пчиња откриен фрагмент од фреска на светец од 4.век

На локалитетот Градиште во село Пчиња откриен фрагмент од фреска на светец од 4.век

Фрагмент од фреска со рака на светител е пронајден при археолошките истражувања на локалитетот Градиште-Бислим во кумановското село Пчиња, кои во изминатиот период ги вршеа археолози од Кумановскиот музеј. Ова откритие говори дека на овој простор во втората половина на 4. или на самиот почеток на 5. век постоела ранохристијанска црква со насликана фигура на светец, што е реткост на овие простори.

Традиционална изложба „Кумановски ликовни уметници“ во Уметничката галерија во Куманово

Традиционална изложба „Кумановски ликовни уметници“ во Уметничката галерија во Куманово

Во Уметничката галерија Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на слики „Кумановски ликовни уметници“, на која учествуваат академски ликовни уметници од градот.

Народниот правобранител отвори предмет за случајот со Сефедин, по што тој повторно е згрижен во Кумановската болница

Народниот правобранител отвори предмет за случајот со Сефедин, по што тој повторно е згрижен во Кумановската болница

Сефедин Куртиши е згрижен на психијатриското одделение на Општа болница Куманово, а се прават напори да се префрли на лекување на скопските клиники поради отворените рани на нозетет. Работите започнаа да се отплеткуваат откако за него отвори предмет службата на Народен правобранител од Куманово и поведе иницијатива за решавање на проблемот.

Богата програма по повод Денот на градот најавуваат од Фондацијата за култура

Богата програма по повод Денот на градот најавуваат од Фондацијата за култура

Богата спортска и културно-уметничка програма најави Фондацијата за култура и спорт во рамките на Ноемвриските денови, а посебно за одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово-11 Ноeмври.