Изложба на традиционална и дигитална графика "Млади уметници" во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура "Трајко Прокопиев" – Куманово, вечерва /петок/ во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на традиционална и дигитална графика "Млади уметници".
Ноќеска во 03.03 часот во Куманово и на северната хемисфера пристигна есента На 23 септември, петок, на 266-иот ден во годината според грегоријанскиот календар, во Македонија, во Куманово и на целата северната хемисфера, календарски ќе започне есента.
Разбојници затекнати во куќа во Долно Којнаре Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23.10 часот ги лишиле од слобода И.В.(41) и М.Д.(34), двајцата од Куманово.
Во Куманово има само 6 згрижувачки семејства, три помалку во однос на лани За една третина е намален бројот на згрижувачки семејства во Куманово. Минатата година имало 9 семејства, а во моментот се само 6. Семејствата се од македонска и ромска националност и згрижуваат 16 деца.
Приведена кумановка, фатена додека зема пари од каса во маркет Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19.30 часот лишиле од слобода 41-годишна жена од Куманово.
Европски денови на културно наследство во Кумановскиот музеј Со изложби, промоции, проекции на филмови и едукативни работилници Кумановскиот музеј ќе ги одбележи Деновите на европско културно наследство, кои се одржуваат од денеска до 28 септември.
Промоција на романот „Најосамениот ден“ од Симеон Јанков Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, вечерва во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Најосаменото место“ од Симеон Јанков.
Кумановец пронајден починат во објект во изградба Синоќа во 23.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово бил донесен починат Н.Р.(81) од Куманово.
Распишан тендер за замена на оградата на „Тоде Думба“ Општина Куманово започна постапката за избор на фирма којашто ќе ја замени оштетенета заштитна ограда на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, откако Кумановоњуз пред неколку дена алармираше дека оградата стои скршена речиси две години и претставува опасност при движење на возачите и пешаците.
Две жени повредени во вчерашните сообраќајки, соопшти МВР Две жени на возраст од 60 и 81 година се повредени вчера во двете сообраќајни несреќи што се случиле во Куманово.
Kрводарителска акција во Клубот на воени ветерани во Куманово Црвен крст Куманово во соработка со службата за Трансфузиона медицина утре (четврток) организира крводарителска акција.
Повредени пешаци на „Октомвриска“ и „Ѓорче Петров“ Две лица се здобиле со тешки повреди во две одвоени сообраќајни незгоди, кои се случиле вчера во Куманово. Според информациите на Итната медицинска помош, пешаците се повредени на булеварот „Октомвриска револуција“ и ул. „Ѓорче Петров“.
Откриен насад со марихуана во кумановско, едно лице приведено Во координирана полициска акција вчера во атарот на кумановското село Винце, откриен е насад со растението канабис сатива.
Кумановец затекнат додека краде, полицијата го привела Кумановската полиција привела 34-годишен кумановец, кој бил затекнат при обид да одземе предмети од туѓ имот, завчера два часа по полноќ на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Во Куманово тешко се наоѓа огревно дрво и покрај високите цени Кризата со огревно дрво и високите цени создадоа главоболка на голем број кумановци. Иако сме на стартот на грејната сезона голем дел од домаќинставата се уште немаат обезбедено огрев, бидејќи шумските стопанства и приватните фирми не можат да одговорат на зголемената побарувачка и покрај повисоките цени. Во просек цената на метар кубен дрва во складовите во кумановско се над 5.000 денари, што е за 70 отсто повисока во однос на минатата година.
Владата го одби барањето на советниците да отпише 2,5 милиони евра на „Водовод“ Не е прифатено барањето на Советот на Општина Куманово за отпишување на долгот на ЈП „Водовод“ кон Водостопанство „Кумановско - липковско поле“, кое беше доставено до Владата.