Дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,50 денар/л, соопштува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Казни за 181 возач во Куманово СВР Куманово за време на викенд спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се 181 возач.
„Порака наша“ ќе ангажира лиценцирани негуватели за помош на стари лица До утре (20 септември) трае огласот на Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост„Порака наша“ од Куманово за ангажирање на лиценцирани негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, кој ќе се реализира преку проектот „Ублажување на ефектите и последиците од ковид-19 на најранливите категории во општеството со посебен фокус на постари лица и лица со попреченост”.
Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски меѓу 40-те најуспешни бизнис лидери во ЈИЕ Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски е избран за еден од 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери во Југоисточна Европа (ЈИЕ) под 40 години.
Проработеа семафорите на „Октомвриска“, кај зеленото пазарче Поправени се и пуштени во работа семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“, кај малиот зелен пазар.
Изложба на расни кучиња на Градскиот кеј во Куманово На спортските терени на Градскиот кеј во Куманово денеска се одржа Државна изложба на расни кучиња во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово.
Нова измама со огревно дрво во Куманово 75-годишна жена од Куманово вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари.
Заталкан куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово Вработена во продавница за бела техника на ул.„11 Октомври“ во Куманово, звчера околу 19 часот пријавила дека зрно од огнено оружје го пробило кровот и паднало во продавницата.
За три денари намалена цената на екстра лесното масло за домаќинство Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалува за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Се чистеше паркот помеѓу зградите зад „Мај маркет“ На иницијатива на станарите од булеварот „Октомвриска револуција“ денеска се чистеше паркот помеѓу неколкуте згради зад поранешен „Мај маркет“ во Куманово.
Никако да се поправи скршената ограда на „Тоде Думба“ Металната ограда на улицата „Тоде Думба“ во Куманово која е оштетена пред две години се` уште не е поправена. Граѓаните овој дел од улицата го сметаат за црна точка и бараат Општината под итно да интеревенира, бидејќи доаѓа период на влажни и подмрзнати коловози, па движењето ќе биде многу опасно.
Во Куманово одбележан Светскиот ден на прва помош Отсекот за превенција на СВР Куманово, Општинската организација на Црвениот крст и Брза помош, денеска организираа показна вежба за правилно укажување на прва помош, по повод Светскиот ден на прва помош.
Кумановец се заканувал на сограѓанка дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5000 евра СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Дизелот поевтинува, бензините со иста цена Малопродажната цена на дизел горивото од вечерва по полноќ се намалува за 2 денари по литар, додека цените на бензините нема да се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Изложба на инсталацијата „Лумина“ на авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот, ќе биде претставена инсталацијата „Лумина“ од авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски.
Мики Трендафиловски твореше на ликовна колонија во Врање Уметникот Мики Трендафиловски од Куманово, учествуваше на ликовна колонија во Врање, која се одржа во јуни годинава, а од петок делата се изложени во галеријата на Народниот Универзитет во Врање.