Дете повредено од струен удар, сакало да се слика на вагон на Железничката станица Куманово Малолетник од Куманово е повреден од струен удар додека се обидувал да направи селфи на вагон на Железничката станица Куманово.
Исклучена од струја зградата на „Водовод“ поради неплатени сметки, јулската е 9 пати повисока од лани Административната зграда и два наплатни пункта на ЈП „Водовод“ во Куманово од вчера се исклучени од струја поради неплатени сметки.
Втор помор на риби за 20 дена во Пчиња кај Доброшане Помор на риби од вливот на реките Кумановка и Пчиња по течението кон Искрин мост, синоќа забележале кумановските рибари.
Kривична пријава за фирма во кумановско, поради неправилности во одгледување на канабис за медицински цели Полицијата денеска извршила претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во селото Старо Нагоричане, при што биле откриени низа неправилности.
Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот.
Компанијата „Делукс Дистрибуција“ започна со продажба на електрични скутери Кумановската компанија „Делукс Дистрибуција“, потпиша договор за соработка со еден од најголемите кинески производители на паметни електрични скутери „WUXI ECOOTER TECHNOLOGY CO“, и стана ексклузивен застапник - дистрибутер на нивните производи на територијата на Македонија, Србија и Косово.
Уште една измама со набавка на огревно дрво во Куманово Повозрасна жена од Куманово вчера пријавила во полицијата дека е измамена при набавка на огревно дрво. Таа е само уште една жртва на изманици, кои оперираат низ градот и населбите и се претставуваат како продавачи на огревно дрво, при што целна група им се постарите кумановци.
Без струја повеќе населби и села во кумановско Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во повеќе населби и села во Куманово и Старо Нагоричане.
Препораки за работа во услови на топлотен бран Владата донесе препораките за намалување на ризиците од високи температури, во наредните два дена,(четврток и петок).
Уште 28 нови случаи на ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на ковид-19.
„Рома-труба фест“ во петок на градскиот плоштад во Куманово Традиционалниот фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест“, ќе се одржи во петок со почеток во 19.30 часот на градскиот плоштад во Куманово. Манифестацијата по 17-пат ја организира Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово.
Концерт на Триото „Џентлмен“ пред Центарот за култура во Куманово Триото „Џентлмен“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Во Виштица изгоре 4 хектари ниско стеблеста шума Сува трева, грмушки и ниско стеблести растенија гореа вчера во атарот на липковското село Виштица.
Прскање против комарци од земја по четврти пат во Куманово На територијата на општина Куманово во четврток ќе се прска против комарци.
Поскапуваат бензинот и нафтата за домаќинствата Вечерва по полноќ ќе се зголемат цените на бензинот и на нафтата за домаќинствата, додека цената на дизел горивото нема да се менува.
Кумановката Ања Спасовска освои бронезен медал на Олимпијада по хемија во Кина Матурантката Ања Спасовски од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово освои бронзен медал на Меѓународната олимпијада по хемија во Кина, која се одржа онлајн. На ова натпреварувањето учествуваа 333 ученици од 83 земји.